Трајанов со три барања до Фон дер Лајен, предлага распуштање на Собранието и предвремени избори

August 20, 2023
2 mins read

реклама



За уставните промени нема граѓански и политички консензус, бидејќи тие се резултат на бугарските непринципиелни барања и надвор од Копенхашките критериуми, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз. Тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори затоа што, како што рече, „повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени“.

Нагласувајќи дека Демократскиот сојуз е цврство определен државава да биде полноправна членка на Европската Унија, Трајанов соопшти дека до ЕУ и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатил барање – Советот на Европската Унија да донесе одлука со која ќе ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, да им дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија за негување на нивните идентитетски, јазични, културни и други особености, со што ќе се обезбеди реципроцитет. 

реклама

-Второ, Советот на Европската Унија од Преговарачката рамка да ги изостави билателарните прашања или најмалку да донесе одлука со која ќе се дадат гаранции дека билатералните прашања не можат да бидат основа за блокада на Македонија на патот кон ЕУ. И трето, Советот на ЕУ да донесе одлука за тоа дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик по приемот на Македонија во ЕУ. Очекувам зад овие три клучни барања да застанат сите политички партии, претседателот Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија, истакна Трајанов. 

Во однос на уставните измени што се предлагаат од Владата, лидерот на Демократски сојуз посочи дека Владата ја прифатила Преговарачката рамка „без експертска анализа, поширок граѓански и политички консенсуз и рамка во која се вградени билатерални прашања наметнати од Бугарија, прашања со кои се отвораат историски, образовни, јазични, културни и идентитетски дилеми, со кои во суштина се негира историскиот континуитет на македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик“.

реклама

-Преку Комисијата за историски и образовни прашања и годишните протоколи, кои се составен дел од Преговарачката рамка, се оспорува македонскиот карактер на историските настани, македонските револуционери, па дури и Охридската архиепископија. Во суштина се „сечат“ корените на македонскиот народ, со што се доведува во прашање и неговата иднина и просперитет, рече Трајанов.

Според него, Ковачевски, Османи и Маричиќ, како и ДУИ и СДСМ, „вршат огромна манипулација дека наводно ЕУ го признава македонскиот јазик“.

реклама

-Но вистината е дека во ниту еден документ не стои дека по приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде службен, официјален јазик во ЕУ. Во заклучоците на Советот на ЕУ стои само дека преводот на материјали (директиви, одлуки итн.) ќе се врши на макеонски јазик, но и дека  Бугарија и Македонија имаат право да дадат свои унилатерални изјави околу јазикот, кои се составен дел на пакетот документи и одлуки на ЕУ поврзани со евроинтеграциските процеси на Македонија, додаде Трајанов на прес-конференцијата. 

Поради недоволната поддршка за уставни промени, тој предложи распуштање на Парламентот и предвремени избори кои, како што рече, „се наш национален и стратешки интерес“.

-Сакам да упатам кристално чиста порака и повик до СДСМ и ДУИ: Ако сте за стабилност, за модерна и европска Македонија, вие кои ги загрозивте националните интереси и евроинтеграциите на Македонија, излезете на избори, порача Трајанов. 

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот со уставните измени целосно неважно е што мисли делегитимираната СДС

Следно

Овоземните супер-моќи на Дедпул

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop