Марибор, место каде што се среќаваат историското и модерното

August 20, 2023
1 min read

МАРИБОР (АА) – Кривулестите улици, плоштади и историски објекти во Марибор, Словенија, го носат секој гостин низ некои минати времиња, кога Главниот плоштад и неговата околина беа средиште на преполни трговски работилници и места каде што селаните и трговците ги продаваа своите производи и стоки, пишува Анадолу.

Сместен во покраината Штаерска во североисточниот дел на Словенија, вториот по големина град во оваа земја е место каде што се спојуваат историското и модерното, а во летните денови е место посетувано од голем број посетители од повеќето европски земји.

Екипата на Агенција Анадолу забележа интересни кадри од мариборските улици и плоштади.

Додека најмладите бараат освежување во фонтаните на плоштадите во Марибор, повозрасните го посетуваат Главниот плоштад, кој изобилува со историски знаменитости како Градското собрание, Фрањевачкиот манастир и црква, Кружниот столб, кој жителите на Марибор го изградиле во XVII век во знак на сеќавање на чумата што ја преживеале, и голем број други споменици од богатата култура и историја на овој град.

Главниот плоштад е место каде туристите имаат можност да ги посетат живописните мали работилници, а се наоѓа во близина на Стариот мост, на реката Драва, кој важи за еден од симболите на овој град со приближно 97 илјади жители.

Целокупниот амбиент на градските улици го заокружуваат уличните музичари, кои велат и дење и ноќе нудат забава за себе и за другите преку нотите на композициите од просторот на поранешна Југославија.

Историските записи велат дека градот претрпел одредени промени во 20. век, но основното старо градско јадро останало во голема мера сочувано.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И Германците губат доверба во државата

Следно

На плажа во Албанија спасени од давење три македонски државјанки- две се во потешка состојба

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop