И Германците губат доверба во државата

August 20, 2023
1 min read

“Ако мислите дека Германија е ефикасна држава со доверливи институции, најверојатно не живеете овде“, пишува Вилијам Глукрофт за Дојче Веле. „Од несигурна патничка железница до долго чекање за јавни услуги, премалку термини за прегледи на лекари и недоволно места во предучилишните установи, германските институции изгледаат сè повеќе неспособни да ги задоволат секојдневните потреби на населението што го опслужуваат“.

Тоа не останува незабележано од пошироката јавност. Само 27% од луѓето во Германија имаат чувство дека државата може да ги исполни своите обврски, вели последното истражување на германската федерација за државни служби која тоа го прави еднаш годишно.

27-те посто доверба во ефикасноста на институциите е огромен пад во однос на пандемиските години кога довербата изнесуваше 56% и 45%.

„Резултатите се алармантни. Очигледно е што јавноста очекува: институциите да ги исполнуваат нивните обврски и да им служат на граѓаните,“ вели првиот човек на државната бирократија.

Германците очекуваат лидерство и јасни дирекции, нешто што недоволно го гледаат кај Олаф Шолц кој не успева да ги пополни чевлите на претходничката, Ангела Меркел.

Довербата кон Шолц е околу 43% што е најниско ниво до сега. Ако му е малку, нека се теши со Стево.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повредена жена откако возило удрило во неа на улица во Охрид

Следно

Марибор, место каде што се среќаваат историското и модерното

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop