Меѓународната уметничка колонија „Арт поинт Гумно“ завршува со ретроспективна изложба

August 18, 2023
1 min read

Денеска, (18 август), во 19 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, како завршен настан на годинешната меѓународна уметничка колонија на „Арт поинт Гумно“ ќе биде отворена ретроспективната изложба на документарни фотографии изработени од претставниците Либеречката школа за фотографија (LŠF) од Чешка.

Годинава, во фокусот на деветмината чешки фотографи е македонското село Слоештица во Демир Хисар каде се одржуваше колонијата со наслов „Убавина уловена пред да исчезне“.

„Групата што гостува во Слоештица во периодот од 8 до 20 август, крстосува низ селата од горно-демирхисарскиот регион и преку своите фотографии ја раскажува приказната за неисцрпното природно и културно богатство што, за жал, исчезнува“, велат од „Арт поинт Гумно“

Во просторот на прилепската библиотека, публиката ќе има можност да види 17 фотографии на коишто  е отсликано секојдневието на демирхисарските села. На изложбата ќе биде изложено и едно платно: „Фотографот од Либерец“ кое го наслика Сергеј Андреевски во чест на фотографите од Либерец.

Поставката што се реализира во соработка со библиотеката „Борка Талески“, Прилеп и ќе биде отворена до 31 ви август.

Годинава, чешката фотографска бригада, како што информираат организаторите, работи на неколку теми.

„Професорот Шимон Пикоус ја илустрира „Земјата на медот“, професорката Јана Хунтерова портретира стари жени коишто осамени ги палат огништата на дрвените шпорети, а воедно ни ги открива тајните скриени во старите распаднати куќи-музеи; студентите, на гобленот ќе довезат приказни за тутунот и тутунарите; за веленцата и валајците; за ќумурот и ќумурџиите, за козите и нивните стопани; за најмалата библиотека со огромен фонд на книги; за ергените што копнеат за топла, семејна прегратка; за оригиналните ликови што станале бренд на селото и на регионот, како и за храбрите демирхисарски пожарникари коишто, иако, како и сите пожарникари кај нас, се ставени на маргините на општеството, работат со ентузијазам, како да се поставени на пиедестал“, велат оттаму.

„Арт поинт Гумно“ во следниот период планира одделни промоции на секоја од овие фото-стории.

Ова е трета соработка меѓу „Арт поинт Гумно“ и  Либеречката школа за фотографија од Чешка. Професорите и одбрани студенти од оваа школа, до сега, во два наврати реализираа престој во креативниот центар во Слоештица. Во 2018 година, 9 фотографи работеа на илустрација на песната „Можев да ти бидам“ (Пофалба на Демир Хисар) од Петре М. Андреевски, и во 2021 година, петмина претставници на школата работеа на тема „Везилка“, во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Физички го нападнал па го запалил својот татко – приведено момче од прилепско

Следно

Русија во лов на западните ракети во Украина

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop