Награда до десет милиони долари за информации за кибернападите во Црна Гора

August 18, 2023
1 min read

ПОДГОРИЦА (АА) – Владата на Соединетите Американски Држави (САД) обезбеди награда до десет милиони долари за информации што можат да помогнат во расветлувањето на кибернападите извршени против интересите на САД, особено во светло на кибернападите во Црна Гора минатиот август, јавува Анадолу.

Амбасадата на САД постави билборди на повеќе локации во Подгорица, на кои е огласена наградата за информации кои може да доведат до идентификација или лоцирање на кое било лице вклучено во злонамерни киберактивности.

Текстот на огласот е на црногорски и руски јазик, а се истакнува дека исплатата е можна и во криптовалути.

„Неодамнешните злонамерни киберактивности укажуваат на потребата од заштита на дигиталниот екосистем. Информациите за напади врз државните информациски системи, мешање во избори или злонамерни киберактивности против клучната американска инфраструктура може да се пријават со доаѓање во американската Амбасада во Подгорица“, стои во текстот на билбордите на неколку локации во Подгорица.

Нападите на информациската мрежа на Владата на Црна Гора почнаа во август минатата година, по што со месеци беше оневозможен пристапот до нивните веб-страници и мејлови, но и до другите институции како обвинителството, судовите, катастарот, Управата за приходи и царината.

Во надминувањето на последиците од кибернападите на државните институции на Црна Гора минатата година помагаа експерти од американското Федерално истражно биро (ФБИ).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина во ОН: Со снабдување на Украина со оружје, не може да се постигне мир

Следно

Зеленски: Украина ќе добие нова воена опрема од партнерите

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште
Go toTop