Уапсен поранешниот фудбалер на Барселона Дани Алвеш!

January 20, 2023
1 min read

Фудбалерот на мексикански Унам и бразилски репрезентативец, Дани Алвеш, уапсен е во Барселона поради пријава за сексуален напад на девојка, објавија светските медиуми.

39-годишниот играч е обвинет од страна на девојка дека на 30 декември во ноќен клуб играчот ѝ ја ставил раката во гаќичките без нејзина дозвола.

Видно вознемирена, таа го повикала обезбедувањето, а потоа заминала во полиција за да го пријави случајот.

Алвеш тогаш ги негираше обвинувањата и тврдеше дека не ја познава жената која ја поднела тужбата.

Адвокатите на Дани Алвеш велат дека фудбалерот бил кратко време во тој клуб таа вечер и дека нема никаква поврзаност со инцидентот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео: Атмосферата во Кисела Вода за празникот Водици

Следно

„Мајка“ вечерва на сцената на Битолски театар

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop