За изградбата на коридорите 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници

August 16, 2023
1 min read

реклама



За изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум.

Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот вицепремиер Артан Груби.

реклама

Тој посочи дека Коридорите 8 и 10д се како што рече најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава и дека се потребни работници.

– Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава со којшто ќе изградиме автопатско решение се до границата со Албанија и исто така поврзувајќи ги автопатски и Прилеп и Битола. Во разговорот со менаџерите, планирано е да има над 2.000 вработувања и се надеваат сите ќе бидат од Република Македонија, изјави Груби по посетата на самото во Гостивар.

реклама

Во име на менаџерскиот тим на конзорциумот на дел од новинарските прашања во врска со платата на работниците и почетокот на конкретните работи, одговараше Џошуа Бејкер директорот на проектот Џошуа Бејкер без да посочи на прецизни бројки и рокови.

– Наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен. Вложуваме сериозни напори да отпочнеме поскоро со градежните работи. Соработуваме со Владата и општините на експропријација на земјиштето и подготовките, рече Бејкер и посочи дека во тек се подготовките за изградба на два кампови, еден близу Гостивар и еден помеѓу Битола и Прилеп.

реклама

Тој не кажа конкретен износ во врска со прашањето за висината на платите на вработените, туку кажа дека ќе бидат според нивната работна позиција и се формирани според актуелната побарувачка на пазарот на трудот.

Бејкер очекува како подизведувачи да бидат вклучени повеќе локални фирми.

На првиот ден од саемот, во гостиварскиот центар за вработување, за работа во „Бехтел и Енка се пријавија педесетина лица меѓу кои имаше и градежни инженери кои бараат работа и лица кои веќе работат.

Нив најмногу интересираа платата, работното време и кога ќе добијат одговор по нивното пријавување.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Деко е нов спортски директор на Барселона

Следно

Вицепремиерот Груби ги охрабрува институциите да ги истражат наводите за корупција на функционери

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop