Меѓународниот ден на младите, означен со низа активности во повеќе градови низ државата

August 16, 2023
2 mins read

реклама



Од алтернативна сцена и скејтбординг култура низ улиците на Крива Паланка до украинска уметност во Битола, онлајн квизови, работилници низ Велес и музички фестивал во Струмица, Меѓународниот ден на младите оваа година личеше на национален празник! Мрежата на Europe House како главен организатор на оваа прослава, беше иницијатор на серија активности низ различни градови, кои ја истакнаа енергијата и креативноста на помладата генерација.

Активностите започнаа на 11-ти август со онлајн квиз, организиран од Europe House Скопје, преку кој на младите им се понуди забава но и можност за добитниците да бидат дел од фестивалот “Здраво Млади”. Во исто време Крива Паланка заживеа со духот на скејтбордите и музиката каде Europe House Крива Паланка беше организатор на „SkateWave: Youth Underground Unleashed“ настанот во кој учествуваа учесници од повеќе градови како Крива Паланка, Куманово, Кратово, Скопје итн. Во текот на денот младите освен во скејтот, уживаа и во креативното цртање на мурали и во звуците на диџејски сетови. Со овие активности дојде до израз и алтернативната сцена на градот, која преку музиката и уличната култура, како што е скејтбордингот, дадоа можност за креативно изразување на младите од овој град.

реклама

Следниот ден, на 12-ти август, настаните продолжија во Битола каде Europe House Битола ја отвори изложбата „Пред да се стемни“ на уметницата Софија Чотирбок, нудејќи им на посетителите автентично аудио-визуелно искуство. Подоцна во денот, преку 615 Асоцијација, битолската чаршија одекна со музика од фестивалот на алтернативна музика “SMOTRA” , со што Europe House ја продолжува мисијата на поддржување на локалните уметници низ државата. Два дена после отворањето на изложбата, се одржа и фото-работилница на две теми Колективни мемории и трауми/Жените во уметноста“ каде што учесничките има можност да бидат дел од процес на создавање на колективно дело, воедно и да се запознаат и спознаат себе си. Europe House Битола избра да го стави фокусот на младите и уметноста затоа што ваквите настани се повеќе од само забава; тие претставуваат и можност за креативно изразување и поврзување меѓу нив.

Europe House Велес, беше организатор на музичката работилница “Beats” каде уметниците имаа можност да го покажат своето знаење и да ја едуцираат младата популација за процесот на создавање музика, а подоцна во денот младите имаа прилика да уживаат и во звуците на голем број локални музички артисти на концерт под мотото “Empower The Next Gen – Las Veles Vol.1”. Mладите од Велес, одиграа клучна улога во организирањето на овие активности. Една од иницијативите произлезе од идејата дека хип хопот има значајна улога во културата на младата генерација во Велес. Настанот беше доказ за тоа како музиката и културата можат да ги премостат празнините и да обединат различни групи луѓе а ваквите идеи можат да произлезат само од иницијативи “млади за млади”.

реклама

Струмица не заостана во прославите за денот на младите. Струмичкиот младински фестивал (Strumica YOUth Festival), кој се одржува втора година под ред во организација на Europe House Струмица со партнерите Центар за истражување и анализи НОВУС и Црвен крст Струмица и други организации поддржувачи, беше настан кој собра над 150 млади, вклучувајќи и гости од Италија, Полска, Грција и Романија. Денот беше надополнет со диџејски сетови, работилници за танц, диџејство, артивизам како и фотографски сесии, кои добија одличен фидбек од присутните. Карактеристично за овие активности беше тоа што го истакнаа значењето на соработката помеѓу невладините, институциите, локалната и странската младина, со што се покажа и важноста на колективното дејствување и заедничките визии, кога е во прашање создавањето на иднината.

Сите овие настани само ја потврдуваат посветеноста на Europe House кога е во прашање поддршката и поттикнувањето на младите, кои овие неколку дена приредија несекојдневна забава и моменти за паметење.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Локализиран пожарот во Лозово

Следно

ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ ИЛМИ МУСТАФОВ, ТРИ МЕСЕЦИ ПО СМРТТА НА ТАТКО МУ ФЕРУС

Latest from Blog

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди

Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

Универзитетскиот професор Цане Мојаноски во Аргумент плус, рече дека со прифаќањето на името Лав IV, новиот избран папа на некој начин соопштува дека ќе ги афирмира и прифати принципити кои ги имаше

Ердоган со честитки до новиот папа Лав XIV, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните кризи

ИСТАНБУЛ (АА) – Во писмото во кое му го честита изборот на новиот папа Лав XIV, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните

Германците стануваат сè покритични кон Израел, покажа најновата анкета

БЕРЛИН (АА) – Германците имаат сè понегативен став за Израел, 60 години по воспоставувањето на билатералните дипломатски односи, покажа новото истражување објавено денес од Фондацијата „Бертелсман“, јавува Анадолу. Извештајот посочува на значителна

Министерот Муцунски во Украина – оддаде почит на украинските херои, ќе се формира Специјален трибунал за злосторствата врз Украина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, престојува во еднодневна посета на Украина, на покана на неговиот украински колега Андриј Сибига. Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот
Go toTop