Македонска поезија пишувана од жени во фокусот на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“

August 16, 2023
2 mins read

Годинешното 35-то јубилејно издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од 18 до 20 август на повеќе локации во Велестово и во Охрид, а учество ќе земат 30-ина поети и уметници од пет земји.

Годинава во фокусот ќе биде македонската поезија пишувана од жени и во таа насока централниот настан ќе биде промоцијата на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ во која се застапени дури 114 поетеси од повеќе етникуми, што твореле и творат на територијата на Македонија. Настанот традиционално ќе се одржи на сретсело, во Велестово, а потоа ќе биде отворена и изложба на уметникот Тони Попов во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово.

Во рамки на фестовалот ќе гостуваат поети од Германија, од Албанија, од Србија и од Косово. Следниот ден во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи промоција на уште една важна книга за развојот на македонската поезија: „Ново раѓање на зборот: антологија на малатата македонска поезија“, избрале и приредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, како и интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и настанот OH READ #2, во чијашто програма предвидена е работилницата за креативно пишување и дијалог преку поетски препев, наменета за млади, што ќе се одржи во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, како и интернационално поетско читање во кафе и бар „Шила“ во Охрид. Проектот OH READ #2 e подржан од РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија.

Годинешниот постер на фестивалот е посветен на враќањето на европскиот елен на падините на Галичица, а дизајнот е дело на Андреј Павлов.

Фестивалот го овозможија: Општина Охрид, РЕАД (Регионална Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, Министерство за култура и Комерцијална банка.

35. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

Програма

Петок, 18.08.2023. Локација: Велестово, сретсело

• 21:00 часот: Официјално отворање:

– САМОДИВИ (панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес) ‒ Поетско читање и промоција на книгата. Приредиле: Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска.

Учесници: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева, Павлина Атанасова и Марија Велинова.

– Интернационално поетско читање

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија) и Шпетим Селмани (Косово).

• 22:30 часот: Ликовна изложба: Тони Попов

Локација: Тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово.

Сабота, 19.08.2023. Локација: Конгресен центар на УКИМ во Охрид, покрај Охридското Езеро

• 17:00 часот: Ново раѓање на зборот – антологија на македонската млада поезија, избрале и уредиле Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Промоција на книгата и поетско читањеПромоција на книгата и поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Поети учесници: Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Велинова, Исток Ј. Улчар, Павлина Атанасова, Макрина Јорданова, Емануела Ковачевска Китановска, Јована Стаматовска.

• 18:00 ч.: Поезија – Залез: Интернационално поетско читање во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Учесници: Феликс Шилер (Германија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија), Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Сузана Мицева, Љубица Шопова и Делвина Крлуку од Македонија.

Недела, 20.08.2023. Локација: Охрид

• 11:00 до 13:00 часот: Локација: Гимназија „Св.Климент Охридски“, Охрид.

OH READ #2 Работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување поезија, наменета за млади.

Учесници: Ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и други млади луѓе, млади поети, писатели и/или преведувачи.

Поети: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.

• 18:00 ч: Локација: кафе и бар ШИЛА, Охрид

OH READ #2 Интернационално поетско читање (I): Павлина Атанасова (Македонија), Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово) и Марија Костиќ (Србија)

19:00 ч: Дебата за важноста на литературните преводи со учесниците и публиката.

Интернационално поетско читање (II): Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија).

САМОДИВИ (поетско читање): Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Најуспешните извршителки лани со профит од 1 милион евра, им подобри отколку на мажите

Следно

Контраофанзива 2024

Latest from Blog

Селена Гомез трета година по ред со добротворна свеченост за својата Фондација (ФОТО)

Таа, имено, пред фотоапаратите, на црвениот тепих на настанот „Рејр импакт фанд бенефит“ (Rare Impact Fund Benefit) што третпат се одржа синоќа во Лос Анџелес во организација на Фондацијата „Рејр импакт“, излезе

Екипаж на крузер заборавил жена на рајски остров- кога се вратиле, била мртва

Сузана беше заборавена од екипажот на крузерот во саботата на остров во Големиот корален гребен, каде што патниците се согласија да одат на екскурзија. Дури навечер сфатија дека Сузана е исчезната на

ВИДЕО Драма на небото: Авионот на Трамп влета во турбуленции – „Ова е тежок лет“

Авионот со кој американскиот претседател Доналд Трамп летал од Азија, имал турбуленции и тоа во моментите кога камерите биле вклучени и кога претседателот на САД даваше изјави. „Морам да ви кажам дека

Ѓорѓиевски се огласи по обвинувањата дека избегал од дебата

Дополнитени часови по локална самоуправа ќе држам од понеделник, после победата на избори, ова е одговорот на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по обвинувањата дека избегал од
Go toTop