Арсовска со иницијатива за „бришење“ на „Адем Демачи“ – Ганиу и советниците Албанци велат дека тоа нема да се реализира

August 15, 2023
1 min read

реклама



Тоа што го кажа вчера, го направи денеска. Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за отстранување на името на улицата „Адем Демчаи“ и враќање на старото име „Втора македонска бригада“. Ова за ТВ21 го потврди претседателот на Советот, Трајко Славески.

Уште денес ќе ја проследам до Комисија за имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктури објекти. Тие треба да дадат мислење. Уште од јули имаме планирано редовна седница на Совет на град Скопје за 31 август. Ќе постапиме според законските одредби за ова прашање. Оваа иницијатива како предлог од Градоначалник, ќе биде меѓу првите точки на дневен ред. За да се усвои предлогот на градоначалникот Арсовска треба мнозинство од 23 советници, плус мнозинство од советниците кои не се Македонци, кои гласаат одделно“, вели Трајко Славески.

реклама

Но, колку се реални шансите да се реализира иницијативата на Арсовска? Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, воедно и потпретседател на ЗЕЛС за ТВ21 изјави дека не верува дека советниците Албанци би имале храброст да гласаат за враќање на старото име. За да помине оваа иницијатива Ганиу вели дека мора да има двојно гласање, односно да гласаат и советниците Албанци.

Се подразбира дека овие измени мора да се случат во Советот на Град Скопје и мора да бидат одобрени со двојно гласање. Со Бадентеровиот принцип. Мислам иницијативата е започната, но дали целта на г-ѓа Арсовска може да се постигне е знак прашалник затоа што знаете, за да се направи мнозинство на Бадентер, мора да гласаат и советниците Албанци. Такво нешто, не верувам дека во овие времиња, во денешно време, некој ќе гласа против името на Адем Демачи“, порача Висар Ганиу.

реклама

За ова прашање беа прашани и советниците Албанци во Град Скопје.

Дефинитивно нема да гласаме за тоа. Постапката за именување на улицата „Адем Демачи“ во Чаир е направена по иницијатива на ДУИ и истата ги има поминато сите законски и управни процедури и е во согласност со сите законски одредби. Ги повикуваме сите да не се обидуваат да ја злоупотребуваат оваа тема за дневна и националистичка политика бидејќи тоа е неплодна иницијатива“, вели Бесник Ајети.

реклама

Досега немаме добиено известување за одржување на седницата за гласање по оваа иницијатива. Сепак, кога и да се одржи, јас и онака нема да гласам за тоа. Не доаѓа в предвид“, додаде Кадри Хаџихамза.

Инаку, претходниот Совет на Град Скопје, на 66-тата седница одржана на 30.03.2021 година, со 25 гласа ЗА ја изгласа одлуката за промена на имињата на улиците во Скопје. „Втората македонска бригада“ како име на улица постои, но во Козле, улица која порано се викаше „Ловќенска 9“. За промена на име на улица, според законот за локална самоуправа, потребно е мнозинство од присутните советници, како и мнозинство гласови од советниците, претставници на етничките заедници.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал го промовира Нејмар (ВИДЕО)

Следно

Двата хеликоптери на МВР учествуваа во локализирање на пожарот во кочанско со исфрлени 56 тони вода

Latest from Blog

АМЕРИКА ИМА ПРОБЛЕМ, ПОСАДАТА ИМ СКОКА ВО МОРЕ

Американскиот носач на авиони „USS Abraham Lincoln“ го започна своето патување кон Соединетите Американски Држави по неколкумесечна мисија за време на војната со Иран. „USS George Washington“ пристигна на Блискиот Исток и

КЛ: Херера асистент во големата победа на Борац, Миовски на клупа во победата на Ренџерс

Борац Бања Лука на нашите репрезентативци Херера и Шишковски зачекори кон главната фаза на натпреварите во Конференциската лига, откако вечерва обезбеди голема победа од 3:1 на гостувањтео кај Викингур. Нашиот бек Херера

Драматична снимка од спасување киднапирани девојчиња во Атланта: Не мрдај или пукам! (ВИДЕО)

Снимката од нивното спасување е објавена на Фејсбук страницата на Полициската управа на Атланта, објави Пипл. Новата снимка од камерата што се носи на телото го покажува моментот кога властите во Џорџија

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на ДЗС од воздух и пожарникари од терен

Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат

ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до
Go toTop