Тренчевска им врати на пензионерите: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно

August 14, 2023
1 min read

реклама



Делегација на пензионерите кои денеска протестираа во Скопје попладнево беше примена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на која и ги доставија нивните барања што ги соопштија и на собирот пред МТСП.

Главните барања се усогласување на пензиите со објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и наместо 12.500 денари, минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

реклама

Четиричлената делегација побара од министерката Тренчевска да се заземе за нив и да ги пренесе нивните барања во Владата. Појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари што ќе влезе во пензијата на сите 336 илјади пензионери во државава, и тоа да не биде еднократен надомест, а потоа да ги добиваат и процентните покачувања што ќе им следуваат.

На почетокот на средбата, кога беа присутни медиуми, Драган Угриновски од иницијативниот одбор, побара Тренчевска да се заложи за нивните барања нагласувајќи дека првпат во историјата пензионерите излегуваат на протест. Претставниците на пензионерите укажаа дека просечната пензија е многу ниска, трошоците се многу големи, особено по одмрзнувањето на цените и откога се зголеми ДДВ-то.

реклама

Министерката Тренчевска им одговори дека ќе ги разгледа нивните барања – и во МТСП и на седница на Влада, но смета дека нивното барање за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж.

Посочи дека минимална пензија од 12.500 денари земаат најголем дел од пензионерите кои биле работници со малку стаж и кои земале минимална плата и дека ги немаат исполнето условите за пензија како пензионерите со 35 или 40 години стаж.

реклама

-И некој што работел 40 години и некој што работел 15 години не може да зема исто. Јас сум за праведност и социјална правда. Не можел некој што се потрошил 40 години, без разлика дали на машина или во државна институција, да го изедначиме со некој што работел 15 години…Сега се бунат тие со најниска пензија, потоа ќе дојдат тие што земаат 17.000 и 18.000 денари пензија. Како ќе го затвориме тој круг, рече Тренчевска.

Во однос на барањето за линеарано зголемување на пензиите, таа рече дека е противуставно и дека таква одлука во 1998 била поништена од Уставниот суд.

-Јас ќе се обратам, но и вие како иницијативен одбор обратете се до Уставниот суд дали линеарно зголемување е уставно, додаде министерката.

Таа рече дека од 2022 досега е направено многу за пензионерите.

-Не кажувам дека е пензијата многу голема, но од 9.000 денари минималната пензија сега е 12.500 денари. Новата методологија е направена токму затоа – пензиите да се зголемуваат двапати во годината, како што растат трошоците на живот и како што расте просечната плата, така да се зголемуваат и пензиите, рече Тренчевска на средбата со претставници на пензионерите, а за исходот се очекува соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал ќе плати за Нејмар 150 милиони евра годишно за ПСЖ 100 милиони за трансферот

Следно

Двајца браќа тепале маж додека не паднал во кома поради недоразбирање во сообраќајот

Latest from Blog

Насилни протести поради смрт на девојче во Австралија (ВИДЕО)

Премиерот на Австралија, регионалниот началник на полицијата и портпаролот на семејството на жртвата повикаа на смиреност откако лута толпа од околу 400 домородни луѓе се собра вчера вечерта пред болницата каде што

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани

Охрид, 1 мај  – Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а

Карик: Мечот против Ливерпул е еден од моите омилени

Мнигу одамна, тимот на Манчестер Јунајтед пред еден дуел против вечниот ривал, екипата на Ливерпул не бил во подобра ситуација на табелата. Реално, Ливерпул доминираше изминатите неколку сезони, беше во далеку подобра

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop