Двајца браќа тепале маж додека не паднал во кома поради недоразбирање во сообраќајот

August 14, 2023
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 12 август, двајцата осомничени со умисла тешко телесно повредиле едно лице и го довеле во опасност неговиот живот. Заради недоразбирање во сообраќајот во однос на брзината на движење на автомобилите, осомничените физички се пресметале со оштетениот, удирајќи го со клоци и тупаници. Мајката на оштетениот и еден случаен минувач се обиделе да ги оттргнат и да ги спречат во намерата. Но, тие му нанеле тешки телесни повреди опасни по неговиот живот, па оштетениот во коматозна состојба, несвесен и неконтактибилен бил префрлен на болничко лекување, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да го повторат кривичното дело и околности кои што го оправдуваат стравот дека ќе влијаат врз сведоците.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тренчевска им врати на пензионерите: Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно

Следно

Украина тврди дека повторно ја презела контролата на 3 квадратни километри во близина на Бахмут

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop