Во спомен собата на Васил Хаџиманов е донесено столчето за пијаното на кое музицирал најпознатиот и прв етномузиколог во Македонија

August 13, 2023
1 min read

Во спомен собата на Васил Хаџиманов е донесено столчето за пијаното на кое музицирал најпознатиот и прв етномузиколог во Македонија, информираа од Музеј галеријата во Кавадарци.

„Благодарност до неговата внука Милка Хаџиманова Китаноска за отстапениот предмет“, напишаа од Музејот на музејскиот фејсбук профил.

Историчарот Мики Камчевски, потсети за МИА дека станува збор за кавадарчанецот, што македонската народна песна, ја сочува од заборавот.

Се работи за еден од најголемите и најупорните македонски етномузиколози, мелографи,  фолклористи и интерпретатори на  македонскте народни песни. Хаџиманов бил роден во Кавадарци во угледно граѓанско и револуционерно семејство. Неговиот татко Лазар бил еден од големите соработници на македонската револуционерна организација и поради таа негова активност бил уапсен и осуден на долгогодишна затворска казна во Анадолија. Неговата мајка била сестра на познатите македонски револуционери Лазар и Илија Боцеви, долгогодишни борци во четите на тиквешките војводи Петар Јуруков,  Добри Даскалов и Пешо Самарџиев. Завршил основно образование во Кавадарци а гимназија во Велес и во Скопје. Свирел на скоро сите жичени инструменти, а тоа му овозможило уште како ученик во Велес да им дава часови на поимотните велешки деца и со тоа да обезбедува дополнителни средства за своето образование“, рече Камчевски, професор по историја во основното општинско училиште ,,Тошо Велков – Пепето”.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Демократско движење“ го започна политичкото патување – Меџити: Инаетот и алчноста не не’ донесоа овде, туку свеста и волјата

Следно

Миовски: Имав тешко лето, па среќен сум за голот против гигантот Селтик

Latest from Blog

Министерот за здравство на САД призна: Шмркав кокаин од даска на тоалетна школка (ВИДЕО)

Зборувајќи за своето закрепнување во подкастот на комичарот Тео Вон „This Past Weekend“, Кенеди објасни дека се сретнал со водителот на подкастот на утрински состанок за закрепнување пред пандемијата COVID-19 и дека

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Илијана Јотова изјави дека Софија е загрижена поради информации дека Северна Македонија разгледува алтернативни начини за отворање на други поглавја од пристапните преговори со Европската Унија, наместо започнување со првиот кластер кој

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително
Go toTop