Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација

August 13, 2023
1 min read

реклама



Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт. Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени. Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација.

„Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме скринингот. За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени. За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација, потребна е визија, а не кратковидост, потребна е склоност и неприкривање, не се осмелуваме да ја изгубиме шансата и да ја згаснеме надежта на граѓаните за европска држава и поредок. Работите никогаш не се завршени исто како што нашите задачи никогаш не се завршени. Потребна е нашата секојдневна посветеност да ги усогласиме нашите стандарди со европските, затоа не застануваме, туку се обновуваме во секој предизвик и се соочуваме со него.“, изјави Ахмети.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Диего Коста се сели во бразилски Ботафого

Следно

Пендаровски бара санкции за Касами и за Ганиу – Касами: Го чувствува стравот од обединетата опозиција, деновите на Владата се бројат

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop