Пендаровски бара санкции за Касами и за Ганиу – Касами: Го чувствува стравот од обединетата опозиција, деновите на Владата се бројат

August 13, 2023
1 min read

реклама



Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, реагираше во врска со „автохтоно“ знаме во манифестацијата која се одржа во Тетово за време на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, како и на преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“на „Адем Демачи“ . Шефот на државата тоа го нарекува „нагласување на провокативната националистичка иконографија“ која, според него, „промовира шовинистички идеи“ и „разгорува етничка омраза и нетрпеливост“.

„Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата.
Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.“, стои во соопштението на Пендаровски.

реклама

За двете прашања, Пендаровски напишал дека очекува надлежните органи да ги преземат предвидените постапки со законот.

Претседателот на Движењето Беса, воедно и градоначалник на Тетово, Билал Касами, преку писмена реакција вели дека Владата вчера не успеала да го сокрие или контролира стравот од пораз на претстојните избори, а според него, особено кога опозицискиот фронт излезе на виделина и со поддршка од косовскиот премиер, Албин Курти.

реклама

„Ја разбираме загриженоста на Претседателот и Владата, на кои, зачудувачки, со поддршка и реакции излезе и Белград и знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку има врска со загриженоста дека албанската опозиција во РСМ се обединува и се бројат деновите на оваа влада на криминал и корупција.“, е реакцијата од кабинетот на Касами.

Побаравме став и од градоначалникот на Чаир, но не добивме никаков одговор. Од друга страна, неговиот сопартиец во Демократското движење, Изет Меџити, рече дека знамињата на „големите држави“ секој ден се гледаат од сите страни.

реклама

Реакција имаше и од Алтернатива, чиј шеф Африм Гаши исто така беше присутен во споменатите манифестации. Од таму велат дека „наративот за „Голема Албанија“ е одраз на стравот на ДУИ од поразот во изборите, кој неминовно ќе следи“. Според Алтернатива, обединувањето на Албанците во културна и духовна димензија, а не во територијална димензија е суштината и основата на самата ЕУ.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација

Следно

ПМФЛ: Вардар поразен од Шкупи, Брера Струмица со нова победа

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop