Почнува Ликовната колонија Галичник

August 12, 2023
1 min read

Од денеска до 20 август со учество на десетина домашни и странски уметници ќе се одржи Ликовната колонија Галичник.

Организаторите информираат дека овој пат се менува медиумот на колонијата кој ќе се движи во насока на дигиталната уметност и новите медиуми како интернет уметност, компјутерската уметност, дигиталната фотографија и графика, видео инсталациите, виртуелната реалност.

Секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина?“, се вели во најавата за колонијата.

Дел од Ликовната колонија Галичник 2023 ќе бидат уметниците Аница Вучетиќ (Србија), Јелена Владушиќ (Србија) Калин Серапионов (Бугарија), Пенка Минчева (Бугарија), Ефи Фурики (Грција), Фуруја Такахиса (Јапонија), Ларс ден Хертог (Холандија), Ил Џафери (Косово), Иван Блажев (Македонија) и Филип Велковски (Македонија).

На 17 и 19 август во 19:30 часот во амфитеатарот Упија ќе има јавни претставувања на уметниците, а на 19 август во Упија од 11:30 часот ќе се одржи работилница со деца.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„СРПСКИОТ ОПЕНХАЈМЕР“ – „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ НА БЈЕЛОГРЛИЌ ОСВОИ НАГРАДА ВО ЛОКАРНО, ПОБЕДИ ЗАБРАНЕТИОТ ИРАНСКИ „КРИТИЧНА ЗОНА“ НА АЛИ АХМАЏАДЕХ

Следно

Кабинетот на Ковачевски со осуда за вчерашната манифестација во Тетово: Недозволиво е да се веат знамиња кои не се државни и да не се интонира македонската химна

Latest from Blog

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа. Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop