Опозицијата во Косово со критики по посетата на Курти на РСМ – заобиколувањето на ДУИ се смета како постапка која ги дели албанските партии

August 12, 2023
2 mins read

реклама



 Посетата на премиерот Албин Курти на Северна Македонија пред еден ден, во која тој не се сретна со лидерот на владејачката албанска партија ДУИ, Али Ахмети, и функционерите на оваа партија, предизвика критики до премиерот Курти. Тоа што неговата посета беше реализирана на покана на градоначалниците на општина Чаир и на општина Тетово, двајцата од редовите на опозициските партии, беше протолкувана како форма на нивна поддршка. Меѓутоа, премиерот Курти во интервју за телевизијата „Коха“ во Тетово негираше дека неговата посета на Северна Македонија има партиски карактер.

„Ова е резултат на поканата што ја добив и доколку имав покана од некоја друга општина за нешто слично, секако дека ќе отидев во рамки на оваа посета. Оваа посета не е партиска, туку национална, за доброто на двете наши држави, за доброто на граѓаните, од двете страни на границата, со цел тие да имаат придобивка, а ние политичарите кои сме носители на функции, вршиме активности“, вели Албин Курти.

реклама

Опозицијата во Косово реагираше на посетата на премиерот Курти на Северна Македонија. Членот на Претседателството на ПДК, Адри Нурелари, изрази став дека премиерот Албин Курти на невиден начин се меша во внатрешните работи на Албанците во регионот.

„Од премиерот на Косово се очекува да работи на обединување на Албанците, а не да ги дели. Истовремено, ова неодговорно однесување го нарушува официјалниот однос на Скопје и Тирана со Приштина, што е на штета на Косово“, вели Адри Нурелари.

реклама

Реагираше и ЛДК, велејќи дека премиерот Курти откако го подели косовското општество на два дела и истото се обиде во Албанија, сега на нишан му се Албанците во Северна Македонија.

„Албин Курти нема намера да се занимава со животните проблеми на граѓаните на Косово, обидувајќи се да стане историска личност на Албанците, според неговата популистичка амбиција. Но, како заложник на историцизмот, тој се претвора во раздорник на Албанците каде и да живеат во нивните простори“, вели Сибел Халими.

реклама

Претседателот на ААК Рамуш Харадинај беше остар. Тој рече дека премиерот Курти сака да ги измами Албанците.

„Почитувани сограѓани Албанци во Северна Македонија, не му верувајте на измамникот Албин Курти. Во Косово блокирани се сите патишта и проекти, вклучувајќи го и патот кај Плава. Бидејќи не можам повеќе да ги лажам Косовари, дојдов да ве излажам, за патот Тетово – Призрен. Истото го проба и во Албанија, но не му поверуваа и го протераа. Не станувајте жртва на неговите трикови“, вели Рамуш Харадинај.

Реакции имаше и во Северна Македонија. Вицепремиерот на Северна Македонија, Артан Груби, објави дека косовскиот премиер Албин Курти не побарал средба со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, нарекувајќи ја посетата од локален карактер. Но вицепремиерот Груби по посетата на Курти иронично праша дали имало некаков настан во Чаир?! Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, исто така од редовите на ДУИ, за посетата на Курти рече дека тој најверојатно не дошол како премиер.

„Јас знам во кое својство сум поканет, поканет сум како премиер на Косово и ја ценам оваа покана и на истата одговорив позитивно“, порача Албин Курти.

Премиерот Албин Курти вчера во општина Чаир учествуваше на церемонијата на преименување на улица со името на деецот на националното прашање Адем Демачи, додека во Тетово на свеченото отворање на патот што ги поврзува селата Селце и Вејце. Премиерот Курти го потенцираше патот Призрен-Тетово, оценувајќи го како еден од најважните на економски план за регионот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕДП – најновата партија на политичката сцена – Хоџа: Прв предизвик се уставните измени и интеграцијата во ЕУ

Следно

„СРПСКИОТ ОПЕНХАЈМЕР“ – „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ НА БЈЕЛОГРЛИЌ ОСВОИ НАГРАДА ВО ЛОКАРНО, ПОБЕДИ ЗАБРАНЕТИОТ ИРАНСКИ „КРИТИЧНА ЗОНА“ НА АЛИ АХМАЏАДЕХ

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop