Опасностите на добрите намери

August 11, 2023
1 min read

Има многу обиди да се објасни како „разбуденоста“, таа екстремна, ирационална и неразумна идеологија ги запоседна западните институции: постмодерниот релативизам, културолошкиот пресврт на левицата, различниот начин на размислување на поновите генерации, појавата на социјалните медиуми кои го поларизираа и отруја политичкиот дискурс…

„Овие објаснувања се во ред. Но, друга причина ретко се споменува. Вистината е дека на будноста ѝ беше дозволено да завладее“, вели Патрик Вест.

„Денешните фанатици почнаа со добри намери. Повикуваа на толеранција кон геј луѓето и оние кои не пасуваат со родовите улоги. Номинално беа против расизмот. Сакаа да ја „спасат планетата“. Кој можеше да им противречи на такви благородни чувства, првично изговарани пред 20-ина години? Малкумина беа такви. Сето тоа изгледаше добронамерно и убаво. Затоа многумина го спуштија гардот“.

Дваесет години подоцна, кога многу елементи од „разбуденоста“ не само што станаа мејнстрим, туку се вградија и во закони, се каеме што ја заборавивме старата поговорка: Патот до пеколот е поплочен со добри намери.

Тоа е лекцијата од историјата. На сличен начин и комунизмот на многумина им се чинеше привлечен, заради убеденоста дека можеби реалноста засега е пекол, но се работи за „поголема цел.“ Орвел тоа добро го карикираше во Животинска фарма.

И разбуденоста завршува со веќе видени резултати: цензура, автоцензура и самоосудување (за да ја спаси кариерата, актерката Аманда Абингтон се извинуваше што ги критикувала дрег-кралиците што тверкаат пред бебиња). Луѓе јавно се жигосуваат, се откажуваат, минатата недела ЈК Ролинг беше избришана од изложбата на Хари Потер во музејот во Сиетл, полицијата апси за „омраза“ и навредливи објави на социјалните мрежи….

Грубото бинарно размислување го дели општеството на непријатели или пријатели.

„Секој што не е анти-расист е расист; секој што ја доведува во прашање транс идеологијата е трансфоб“, пишува Вест.

Разбудените секогаш ја фураа доктрината дека сите кои не се бели, стрејт и машки имаат заедничка врска и кауза. Затоа денес тешко објаснуваат зошто муслиманите во Канада моментално се бунтуваат против форсирањето на родовата идеологија на Џастин Трудо. Тие финти тешко им се продаваат на социјално конзервативни муслимани.

„Многу субсахарски африкански култури биле хомофобични и патријархални долго пред европскиот колонијализам. Историски гледано, Арапите биле меѓу најголемите трговци со црни африкански робови. Денес, белите мажи од работничката класа во Британија се на дното, и образовно и финансиски. Толку за „белата привилегија“ и „патријархатот“, пишува Вест.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесплатна проекција на „Нешто слатко“ во Паркот на франкофонијата

Следно

Инаугурирана улицата „Адем Демачи“ во Скопје

Latest from Blog

Божиновска: Македонија се поврзува со нови извори на гас преку Грција и Србија

Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна

Министерството за финансии воведува построги правила за лиценците за казина, обложувалници и автомат клубови

17 август 2026, Скопје – Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот

„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели. Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави
Go toTop