Уапсен бугарски државјанин во Скопје: Поминал на црвено, па се обидел да ги поткупи полицајците

August 11, 2023
1 min read

реклама



Полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода вчера околу 14 часот во Скопје го привеле Б.Е.Г. (60) од Петрич, Република Бугарија поради сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ.

– Имено, Б.Е.Г. бил сопрен од полициските службеници откако сторил сообраќаен прекршок односно со товарно моторно возило „ивеко“  поминал на црвено светло на семафор, а откако полициските службеници му ја побарале сообраќајната дозвола и му укажале дека ќе му биде изречена глоба, Б.Е.Г. во сообраќајната дозвола ставил пари (евра) и рекол дека тоа го направил за да се почестат, односно да не му изречат глоба. Полициските службеници веднаш го лишиле од слобода Б.Е.Г.  за сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ, се вели во соопштението од МВР. 

реклама

Од МВР, информираат дека е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против Б.Е.Г. до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

реклама



EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Еден Азар оди во пензија!?

Следно

„Руските сили се приближуваат кон украинскиот град Купјанск“

Latest from Blog

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,
Go toTop