Николовски: Не е можно линеарно зголемување – зад протестите на пензионерите стои политичко влијание, вели тој

August 10, 2023
1 min read

реклама



Можеби сега е поприфатливо да се бара одредено нивелирање на пензиите отколку линеарно покачување, вели за ТВ21 Илија Николовски претседател на Партијата на пензионерите. Но сепак како клучно решение гледа во донесување на закон за минимална пензија. Николовски се сомнева дека зад овие протести има политичка позадина.

„Она што бараат линеарно зголемување таков модел во светот не постои, ниту економски, ниту е правно издржано тој модел што тие го бараат. Тоа значи дека пензијата не е подарок, туку пензијата е економска категорија. Ниту е економски, ниту правно, ниту логично издржано тоа, значи некој ги изманипулира пензионерите, не сакам да кажам кој е, но постојат политички сили кои ги изманипулираа и да дојдат на власт јас би ги прашал како би можеле тие тоа да го изменаџираат“, вели Илија Николовски.

реклама

Но пензионерите кои вчера во паркот Жена борец се собраа да ги изнесат своите барања, најавија дека ќе одржат помасовен протест во понеделник кога ќе им се приклучат од повеќе градови во земјава. Протести се одржуваат секој ден во различни градови, а денеска струмичките пензионери излегоа да го изразат својот револт.

„Не можеме да преживееме никако, не ни стига ни за струја ни за јадење, жената нема пензија, јас само со 15.000 каде да одам. Ќе ми исклучат струја и вода“, вели пензионер.

реклама

„Се согласуваме со сите пензионери да се покачат за 3500, затоа што повеќе не се живее. Пензиите што се најминимални не стигнуваат за основен живот, за лекарства, за здравство, струја да платиш, вода, така што тие треба да размислат“, вели пензионер.

„Еднаш засекогаш пензиите да се усогласат спрема стандардот“, вели пензионер.

реклама

Николовски вели дека во однос на изнаоѓањето решение разговарал со премиерот Ковачевски за донесување на закон за минималната пензија која пак, не може да биде во рамките на минималната плата како што бараат пензионерите. Но дали Николовски, кој е пратеник, како решение би можел да предложи да се откажат или пак да се намали зголемувањето на функционерските плати од 78 проценти за да се реши проблемот со пензионерите? .

„Еве и да ги намалат не може да се покријат за пензиите. Еве да речеме да ги намалат и верувам дека многу функционери би дале. Треба да се донесе закон за минимална пензија. Тоа значи дека минималните пензии треба да ги пратат минималните плати меѓутоа не да биде минималната пензија колку што е и минималната плата, затоа што нема логика. Светски искуства кажуваат дека треба да биде некаде околу 70 посто од минималната плата“, порача Илија Николовски.

Изминативе денови низ повеќе градови во земјава, како што се Прилеп, Тетово, Струмица, Свети Николе и други се одржаа протести на пензионерите, револтирани од најавеното покачување од 6 проценти. Тие бараат линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шефот на Меѓувладинот панел за климатски промени: „Периодот за дејствување е до 2030 година“

Следно

Објавени фотографии сведочат за страотноста и обемот на сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета
Go toTop