Бајден ја потпиша наредбата за ограничување на инвестициите на САД во висока технологија во Кина

August 10, 2023
2 mins read

Високи претставници на американската администрација велат дека одлуката е позврзана со националната безбеност на земјата, а не со економските интереси. Регулативата има за цел да ја намали способноста на Кина да ги користи американските инвестиции во своите технолошки компании за да ја надгради својата војска, а истовремено да зачува пошироко ниво на трговија што е од витално значење за економиите на двете земји

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за блокирање и регулирање на високотехнолошките инвестиции на Соединетите Американски Држави во Кина. Станува збор за регулирање на инвестициите за напредни компјутерски чипови, микро-електроника, квантни информатички технологии и вештачка интелгенција, пренесуваат медиумите.  

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден / Фото: Архива

Високи претставници на американската администрација велат дека одлуката е позврзана со националната безбеност на земјата, а не со економските интереси, како и дека категориите опфатени со декретот се тесни, пренесува регионалниот сеевис на Радио Слободна Европа (РСЕ).  

Регулативата има за цел да ја намали способноста на Кина да ги користи американските инвестиции во своите технолошки компании за да ја надгради својата војска, а истовремено да зачува пошироко ниво на трговија што е од витално значење за економиите на двете земји. 

Коментарите на американските медиумите ова е знак за сè поголемите тензии меѓу двете светски сили во геополитичката конкренција.  

Претставници на администрацијата на Бајден инсистираат на тоа дека САД немаат интерес да се одвојат од Кина економски, но дека со ограничување на извозот на напредни компјутерски чипови, тие се обидуваат да ги ограничат инвестициите во Кина и да ги задржат проширените тарифи кои ги постави поранешниот претседател Доналд Трамп. 

Бајден навести дека кинеската економија се наоѓа во тешкотии и дека нејзините глобални амбиции се ублажени, бидејќи САД ги обновија своите сојузи со Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Европската унија. Администрацијата на САД, као што се наведува, се консултирала со сојузниците и индустријата при обликувањето на наредбата на Бајден. 

Официјални лица на САД велат дека Кина ги искористила американските инвестиции за да го поддржи развојот на оружје и да ја модернизира својата војска. Новите ограничувања ќе ги надополнат извозните контроли на напредните компјутерски чипови објавени минатата година. 

Во јули, американскиот Сенат ги додаде барањата на Законот за овластување за национална одбрана за следење и ограничување на инвестициите во земјите кои предизвикуваат загриженост, меѓу кои и Кина. 

Силниот економски раст на Кина опадна по завршувањето на пандемијата предизвикана од корона вирусот. 

Вчера, кинеското национално биро за статистика објави дефлација, пад на потрошувачките цени за 0,3 отсто во јули во однос на претходната година. Тоа ниво на дефлација укажува на недостаток на побарувачка од потрошувачите во Кина што може да го попречи растот. 

Странските директни инвестиции во Кина се намалени за 89 отсто во однос на претходната година и во вториот квартал од годинава изнесуваат 4,9 милијарди долари, соопшти државната управа за девизи на земјата. 

Се верува дека најголем дел од странските инвестиции доаѓаат од кинески компании и се маскирани како странски пари за да се добијат даночни олеснувања и други бенефиции, велат кинеските истражувачи. 

Странските деловни групи велат дека глобалните компании ги префрлаат инвестициските планови во други земји. 

Странските компании ја загубија довербата во Кина по построгите безбедносни контроли и неуспехот да ги спроведат ветените реформи. Повиците на кинескиот претседател, Си Ѓинпинги и другите, за зајакнување на домашната „економска самодоверба“ ги оставија странските инвеститори несигурни за нивната иднина во кинеската економија во која доминира државата, пишува Асошиејтед прес. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Година од смртта на Кирил Дојчиновски, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот фудбал

Следно

Еквадор: Во вооружен напад убиен претседателскиот кандидат Виљависенсио

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop