(ФОТО) Атина под полициска блокада, сè уште трае потрагата по убиецот на грчкиот навивач

August 9, 2023
1 min read

Грчката полиција вчера ги приведе учесниците во нередите во Атина во пресрет на натпреварот АЕК – Динамо Загреб што требаше да се игра во понеделникот. Уапсените утринава се изведени пред обвинител, а против 104 лица се поднесени кривични пријави. Во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителот на убиството на 29-годишниот млад човек, навивач на АЕК

Полицијата ја обезбедува областа околу стадионот во Атина
фото: EPA-EFE/PANAGIOTIS MOSCHANDREOU

Истрагата за нередите во Атина е сè уште во тек, како и потрагата по оружјето со кое беше прободен починатиот навивач на грчкиот клуб АЕК, објави „хрт.хр“.

Како што јави телевизијата, полицијата трага и по останатите демонстранти. Главното прашање е кој е директно одговорен за убиството и таму ќе биде најстрога казната.

Против 104 лица се поднесени кривични пријави за убиство со умисла, учество во злосторничка организација, експлозија, поседување распрскувачки материи.

Полицијата ги носи уапсените хрватски навивачи пред јавен обвинител во Атина
фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Делата за кои се товарат се нарушување на јавниот ред и мир, нанесување и обиди за нанесување тешки телесни повреди, уништување туѓ имот, поткуп, недозволено носење оружје, употреба на оружје, поседување факели.

Бидејќи оружјето со кое е убиен 29-годишниот грчки навивач Михалис Кацурис сè уште не е пронајдено, кривичното дело убиство не е персонифицирано. Во моментов се испитува генетски материјал пронајден на метални предмети и дрвени палки во обид да се идентификува сторителот.

Полицијата со возило ги пренесува уапсените хрватски навивачи пред судот во Атина
фото: EPA-EFE/ALEXANDER BELTES

Истрагите се одвиваат во неколку правци, а надлежните им ги одзеле сите мобилни телефони на уапсените и ги вештачат за можни докази.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Никој не ги третира кучињата скитници во Тетово – на секој 6 дена по еден граѓанин е нападнат

Следно

Тројца загинати во руски напад врз Запорожје, објави Зеленски

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop