Тројца загинати во руски напад врз Запорожје, објави Зеленски

August 10, 2023
1 min read

Најмалку три лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Локалните власти зборуваат за гранатирање на станбена зона.

„Три лица во моментов се прогласени за мртви“, напиша Зеленски на Телеграм, без да ја прецизира локацијата на нападот. Тој додаде дека спасувачките операции се во тек.

Според регионалниот гувернер Јуриј Малашко, била погодена црква и продавници во областа Шевченски во североисточниот дел на Запорожје.

„Непријателот напаѓа станбена зона“, рече Анатолиј Куртиев, кој го предводи општинскиот совет на Запорожје.

Градот се наоѓа на неколку километри од јужниот фронт и редовно е мета на руските напади.

Вчера, пак, украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко објави дека пет лица загинаа, а 31 се повредени во два руски ракетни напади врз стамбени згради во градот Покровск во источна Украина во регионот на Доњецк.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Атина под полициска блокада, сè уште трае потрагата по убиецот на грчкиот навивач

Следно

Неколку фудбалери во игра за замена на Мегвајер

Latest from Blog

Николоски: Во следните месеци ќе биде пуштена најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид

Рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат, според него, е мај следната година. Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десетина километри ќе биде пуштена во употреба

Николоски: Македонија останува посветена на силната соработка со САД

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс. На средбата, како што информира Николоски, биле
Go toTop