Амбасадата на Шведска и Кинотека од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови

August 9, 2023
1 min read

За љубителите на филмската уметност амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија во периодот од 10-15 август подготвија интересна програма на шведски документарни филмови.

На репертоарот ќе бидат „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг, на 10ти август, потоа Историја – конци за Сами на Томас Џексон на 11ти август„Децата на непријателот “ на  Горки Гласер – Милер на 12ти август, „Хор – една приказна за госпел хорот Тенста на Аманда Пешикан на 14ти август, и „Сабаја“ на Хогир Хирори на 15ти август. Проекциите почнуваат од 20 чaсот.

Секој од филмовите на репертоарот на неделата на шведски документарни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие: почнувајќи со еден времеплов низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија, преку фасцинантно патување низ историските настани и митолошките слики на Сами (Лапонците) исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите, на репертоарот се вклучени и еден извонреден музички документарец за госпел хорот во едно од најсекуларните општества, кој третира прашања за човечката потреба за заедништво и духовност, како и две документарани приказни кои го третираат озлогласениот затворски логор Ал Хол во Сирија, едната за трагичните судбини на „децата на непријателот“ како што ги нарекуваат децата на двајца убиени припадници на ИСИС кои по убивањето на нивните родители завршуваат во логорот, и борбата на нивниот дедо да ги спаси оттаму, и втората за обидите да се спасат жените и девојките Јазиди заробени во истиот тој логор.

Повеќе информации можете да добиете на страницата на Кинотека на Македонија (kinoteka.mk) или на социјалните мрежи на Амбасадата на Шведска (FB/Instagram: @SwedenInMK)“

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во хотел во Скопје пронајдено починато лице

Следно

Ќучук: Без потребните реформи, нема старт на преговорите

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop