22-годишно лице го загуби животот во синоќешните инциденти помеѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК во Атина

August 8, 2023
1 min read

Според неофицијалните информации 22 годишникот бил избоден со нож од страна на гостинските навивачи и починал на лице место. Во синоќешните инциденти уапсени се над 90 лица, а повредени се осум навивачи од двата табора

Според неофицијалните информации кои се споделуваат во Грција, група од 150 до 200 хрватски навивачи на Динамо Загреб и покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварот АЕК-Динамо Загреб кој треба да се игра денеска, пристигнале во главниот град на Грција со автобуси и автомобили. По пристигнувањето, тие веднаш се упатиле пред стадионот на АЕК кој бил затворен, по што предизвикале сериозни инциденти.

Хрватските хулигани ги нападнале навивачите на АЕК, но и граѓани кои седеле во кафулињата во близина на стадионот на АЕК во населбата Неа филаделфија во Атина.

Фото: МИА

При еден таков напад, со нож бил избоден млад 22 годишен навивач на АЕК кој им подлегнал на повредите. Во тепачките повредени се осум лица од кои пет Хрвати и тројца Грци, додека пак полицијата пријавува дека уапсила 96 лица од кои дури 82 се Хрвати.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мануел Нојер направи нова операција

Следно

Ноер може да се врати на терените дури идната година

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ не го поддржа унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“

Коалицијата ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не ги поддржале измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кои денеска беа усвоени во Собранието. Според ВЛЕН, со усвоените измени

Македонија има само 13 инспектори за животна средина – дали државата треба да ги преземе уздите од општините?

Претседателот на „Флорозон“, Кирил Ристовски, оценува дека градоначалникот има пресудно влијание врз изборот на инспекторите, но и врз тоа што и како ќе работат тие. Според него, Законот за инспекциски надзор во

Божиновска: Намалување на цената на струјата е можно, но пазарот останува непредвидлив

Сања Божиновска изјави дека со новиот модел на снабдување со електрична енергија може да се очекува намалување на цената за домаќинствата, но предупреди дека берзата останува променлива и непредвидлива. Од следната година
Go toTop