Јапонија ќе почне со испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима кон крајот на месецот

August 7, 2023
1 min read

Јапонските власти планираат да започнат со испуштање на прочистената радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима кон крајот на август, само неколку недели пред почетокот на сезоната на риболов во овие предели, објавија јапонските медиуми

Официјалната објава од страна на јапонските власти се очекува да биде соопштена по средбата на премиерот Фумио Кишида со американскиот претседател Џо Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол. По завршувањето на планираната средба, се очекува лидерите на земјите да дадат објаснување за безбедноста на водата која треба да се испушти.

Одлуката за испуштање на радиоактивна вода дојде откако минатиот месец, јапонскиот нуклеарен регулатор му даде зелено светло на операторот на централата Токио Електрик Пауер да започне со ослободување на водата – за која Јапонија и Меѓународната агенција за атомска енергија велат дека е безбедна, но блиските земји стравуваат дека може да ја загади храната.

Кина веќе предупреди дека испуштање на радиоактивни води ќе влијае на еко-системот и им порача на кинеските граѓани да не конзумираат морска храна која доаѓа од Јапонија.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Делови од Скопје денеска без струја

Следно

Ал-Келаифи го нарече Мбапе предавник

Latest from Blog

Тврдат дека се угнетувани на Светското првенство – се пожалија на ФИФА

фото: AJE Sport (X) Фудбалската федерација на Иран поднесе официјална жалба до ФИФА поради строгите ограничувања за патување со кои се соочува нивната репрезентација за време на Светското првенство во САД. Федерацијата

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

 Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД. Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски

Проданоски: „Македонски пошти“ во Прилеп добија четири нови возила за побрзи и поквалитетни услуги

Во Прилеп денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа јавна институција. Градоначалникот

Коњановски: Започна асфалтирањето на уличната мрежа во Карамани

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски и одговорните лица од општината денеска извршија увид на работните активности во село Карамани каде започна асфалтирањето на уличната мрежа.
Go toTop