Затворска и парична казна и до 30.000 евра за предизвикување пожар во Грција

August 3, 2023
1 min read

Висока парична казна што може да достигне и до 30.000 евра и затворска казна, дури и да станува збор за пожар од небрежност, се дел од одлуките донесени на денешната средба на министрите за климатски кризи и правда на Грција, Василис Кикиљас и Јоргос Флоридис за воведување построги казни за предизвикувачите на пожари во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис објасни дека во рамките на планираните промени на Кривичниот законик ќе настојуваат „да го исфрлат чувството на неказнивост, а казните ќе се издржуваат“.

-Криминалното дело подметнување пожар веќе се казнува со тешки казни. Она што ќе биде вклучено во основните промени на Кривичниот законик ќе биде дека и делата сторени од небрежност, доколку казната е над една одредена  граница, овие казни ќе водат во затвор, рече Флоридис.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас истакна дека паричните казни ќе бидат „повеќекратно повисоки од оние што важат сега“ и ќе бидат на исто ниво со казните за злоупотреба на животни, „односно дури и 20.000, 25.000 или 30.000 евра“.  (МИА)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР: Македонски државјанин побара помош од Нигер, бараме начин за негова евакуација

Следно

ИЗЛОЖБАТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ СО ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ЌЕ ПАТУВА НИЗ ЗЕМЈАВА

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop