МНР: Македонски државјанин побара помош од Нигер, бараме начин за негова евакуација

August 3, 2023
1 min read

Дополнително, од Министерството апелираа граѓаните да избегнуваат патувања во Нигер поради влошената безбедносна ситуација во оваа земја и можноста за нејзина ескалација

Преку македонската амбасада во Каиро, Египет, Министерството за надворешни работи (МНР) работи на обезбедување евакуација на македонски државјанин кој се наоѓа во Нигер и кој побарал помош.

Зградата на Министерството за наворешни работи (МНР) во Скопје

Министерството, како што соопштија оттаму, води интензивни преговори со сојузниците кои имаат свои претставништва во оваа африканска земја, со цел евакуација на македонскиот државјанин.

„Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса [email protected]“,

стои во соопштението на МНР.

Дополнително, од Министерството апелираа граѓаните да избегнуваат патувања во Нигер поради влошената безбедносна ситуација во оваа земја и можноста за нејзина ескалација. За оние кои се на територија на Нигер и имаат можност да ја напуштат земјата, МНР апелира да го сторат тоа веднаш.

„Нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]“,

додаваат од МНР.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врвно естетско доживување со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса

Следно

Затворска и парична казна и до 30.000 евра за предизвикување пожар во Грција

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop