Врвно естетско доживување со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса

August 3, 2023
1 min read

Возвишено естетско доживување ѝ понудија на публиката италијанските уметници тенорот Џани Лечезе и пијанистот Екланд Хаса кои настапија на Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“.

Италијанската вечер на „Охридско лето“ е традиционална и се одржува со поддршка од Амбасадата на Италија во Република Македонија. Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри рече дека оваа вечер е посебна бидејќи се одржува на големиот национален празник Илинден, а од друга страна пак, годинава се одбележуваат и три децении од воспоставувањето на македонско-италијанските дипломатски односи.

Оваа италијанска вечер на 63-то „Охридско лето“ е посебна бидејќи се одржува на Илинден и би сакал да ви го честитам националниот празник. Исто така, годинава  славиме 30 години од воспоставувањето на нашите дипломатски односи. Имаме одлична соработка во секое поле со Македонија и секогаш ја поддржуваме на патот кон нејзините евроатлански   аспирации. Од економски аспект,  ние секогаш сме  биле и ќе бидеме едни од најважните партнери за  трговија и инвестирање. И во однос на културата, сме многу активни, изјави италијанскиот амбасадор Силвестри.

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, истакна дека годинава фестивалот има рекордна поддршка од страна на дипломатските претставништва во земјава.

Годинава имаме рекордна поддршка од дипломатските претставништва во земјава. Единаесет амбасади ги поддржаа нивните уметници, наедно и сите амбасадори со нивното присуство, нивните говори и со нивната голема благодарност кон фестивалот „Охридско лето“. Сметам дека тоа е многу важно за нашата култура и за нашите уметници кои понатаму воспоставуваат соработки и надвор од границите на нашата земја, рече директорката Поповиќ.

По вчерашната Италијанска вечер, вечерашната програма на фестивалот ќе биде во знакот на француската уметност со концертот за четирирачно пијано  на дуото Дезомбре-Леклер.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познати сите осминафиналисти СП за фудбалерки

Следно

МНР: Македонски државјанин побара помош од Нигер, бараме начин за негова евакуација

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е

Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако
Go toTop