МАКЕДОНСКИОТ АКТЕР ЛУРАН АХМЕТИ, КОЈ ИМАШЕ БОГАТА КАРИЕРА ВО СЛАВНИ ТУРСКИ СЕРИИ, ПОСТХУМНО ДОБИ ПОШТЕНСКА МАРКА

August 3, 2023
1 min read

Актерот од Албанскиот театар Луран Ахмети, кој почина од ковид во 2021 и имаше богата кариреа во славни турски ТВ-серии,  доби поштенска марка од АД „Пошта“.

„Луран Ахмети е еден од најталентираните актери на Албанскиот театар, кој зад себе остави длабоки траги преку ликовите кои ги толкуваше, како на театарската сцена, така и на филмското платно“, рече генералната директорка на АД „Пошта“, Бујаре Абази на промоцијата на 31 јули.

Поштенската марка „Луран Ахмети 1974 – 2021“ е  испечатен во тираж од 6.000 примероци, и со номинална вредност од 36 денари. Дизајнер на поштенската марка е Тахар Алемдар.

Луран Ахмети почина на 25 март 2021 по компликации од ковид-19 на 46 години. Ахмети, чија матична куќа беше Албанскиот театар во Скопје каде играше во голем број претстави, стекна голема слава со улогата на Хусрев паша во ТВ-серијата „Величествениот“, една од најпопуларните турски серии во светски рамки.

Актерот играше и во турската серија „Збогум Румелија“ која како македонска копродукција се снимаше во Битола, како и во „Долина на волците“.

Ахмети беше дел и од актерската екипа на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со хеликоптер пренесен бугарскиот навивач кој беше прободен со нож за време на натпреварот Левски – Шкупи

Следно

Полскиот премиер Моравјецки: На територијата на Белорусија има околу 4.000 платеници на „Вагнер“

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop