Франција почна со евакуација на свои и на државјани на други земји од Нигер, првиот авион слета во Париз

August 2, 2023
2 mins read

Во првиот авион кој ноќеска слетал во Париз имало 262 лица, меѓу кои и десет бебиња. Речиси сите евакуирани синоќа се француски државјани. Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови

Франција почна со евакуација на своите и на државјани на други европски земји од Нигер по минатонеделниот воен удар во земјата. Првиот авион со повеќе од 250 лица, како што пренесуваат медиумите, ноќеска меѓу 1 и 2 август слетал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.  

Првите француски државјани пристигнуваат на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Во авионот имало 262 лица, меѓу кои и 10 бебиња. Речиси сите евакуирани се француски државјани, пренесува регионалниот сервис на РСЕ. 

Со друг авион за евакуација се очекува да пристигне нова група Французи, Нигеријци, Германци, Белгијци, Канаѓани, Американци, Австријци и Индијци. 

Како што е најавено, француските власти треба да ја завршат евакуацијата денеска напладне, а засега се планирани четири летови за таа цел. Од околу 1 200 Французи регистрирани во конзулатот во Нигер, 600 сакале да ја напуштат земјата. 

Инаку, Нигер е стратешки партнер на Франција, која моментално има околу 1 500 војници во оваа земја. По Мали и Буркина Фасо, Нигер, кој досега беше сојузник на западните земји, стана третата земја во Сахел каде што се случи државен удар од 2020 година. 

Покрај Франција, евакуација на своите граѓани најавија и Италија и Шпанија. Франција, исто така, понуди да ги евакуира луѓето од другите европски земји. Министерството за надворешни работи во Берлин претходно ги советуваше Германците во Нигер да ја прифатат понудата. 

Париз соопшти дека ги евакуира своите граѓани откако воздушниот простор на Нигер беше затворен, со што луѓето се изложени на ризик да бидат заробени во земјата. 

Западноафриканските земји во неделата упатија седумдневен ултиматум до воената хунта во Нигер за целосно враќање на уставниот поредок, велејќи дека не се исклучува употреба на сила доколку е потребно. 

Во Нигер имаше и насилни протести за поддршка на воениот удар во кој офицерите на елитната единица на генералот Омар Тчиани го соборија претседателот Мохамед Базум, минатата среда. 

Париз не ги признава новите власти во Нигер и повика на враќање на уставниот поредок и враќање на демократски избраниот претседател Базум.  

Државниот удар во Нигер беше широко осуден од соседните земји и од меѓународните партнери, кои одбија да ги признаат новите лидери и побараа демократски избраниот претседател Мохамед Базум да се врати на власт. 

Додека воената хунта во Нигер не покажува знаци на повлекување поради зголемениот меѓународен притисок, многумина стравуваат дека пучот може дополнително да го дестабилизира сиромашниот регион на Западна Африка, погоден од милитантно насилство и пучисти, и каде што Русија се обидува да го зголеми своето влијание, пишуваат светските медиуми.  

Илјадници приврзаници на хунтата која го презеде Нигер со државен удар, маршираа низ улиците на главниот град Ниамеј во неделата, на 30 јули, веејќи руски знамиња, скандирајќи го името на рускиот претседател и осудувајќи ја поранешната колонијална сила Франција.  

Демонстрантите маршираа низ градот до француската амбасада, додека црн чад можеше да се види од целиот град. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полска ја критикуваше Украина поради повикувањето на полскиот амбасадор на разговор

Следно

Канада воведува задолжителни здравствени предупредувања на секоја цигара

Latest from Blog

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се
Go toTop