ПОЧИНА СРПСКИОТ ПИСАТЕЛ ДАВИД АЛБАХАРИ

July 30, 2023
1 min read

Почина српскиот писател и преведувач Давид Албахари, на 75 години, после долго боледување, соопшти неговото семејство. Починал во Ургентниот центар во Белград.

Aлбахари е плоден писател со 18 збирки раскази, 16 романи и пет книги со есеи. Првата збирка кратки раскази „Семејно време“ (Породично време) ја објави во 1973, а поголема популарност стекна со четвртата книга „Опис на смртта“ (Опис смрти) од 1982, за која ја добил „Андриќевата награда“. Во 1993 ја објави збирката „Пелерина“ за која ги освои наградите „Станислав Винавер“ и „Бранко Ќопиќ“. Во 1996 излезе романот „Мамец“ ( Мамац) кој ги освои НИН-овата награда, наградата „Балканика“, наградата „Мост Берлин“ и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга. За романот „Пијавици“ (Пијавице) од 2006 е награден со Наградата на градот Белград; со романот „Животинско царство“ (Животињско царство) ги освои наградите „Исидора Секулиќ“ (2014) и „Душан Васиљев“ (2015).

Неговите книги се преведени на 18 јазици, меѓу кои и англиски, хебрејски, француски, шпански, италијански, унгарски, албански, словачки, грчки, германски, дански, полски и есперанто. Албахари е познат и по преведување проза, поезија и есеистика од англиски, американски, австралиски и канадски автори.

Роден е во 1948 во Пеќ, студирал англиска литература и јазик во Загреб. Во 1991  станал претседател на Федерацијата на еврејски заедници на Југославија, при што учествувал во евакуацијата на еврејското население од Сараево. Во 1994 се преселил во Калгари, Канад, а во 2012 повторно се враќа во Белград. Во периодот меѓу 1973 и 1994  работел во редакциите на повеќе списанија и издавачки куќи во Белград и во Нови Сад. Од 2 ноември 2006 , Албахари е член на Српската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Војната постепено се враќа на територијата на Русија

Следно

Бутка ли британското разузнавање нова војна на Косово?

Latest from Blog

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Жителите на Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа

Проданоски: Карпалак останува вечен симбол на храброста и жртвата за Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Партијата ВЛЕН преку објава побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“, во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, поставувајќи прашање зошто сè уште нема обвинение.
Go toTop