Зеленски: Војната постепено се враќа на територијата на Русија

July 30, 2023
1 min read

„Војната постепено се враќа на територијата на Русија, во нејзините центри и воени бази, и ова е неизбежен, природен и апсолутно фер процес“, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски

Володимир Зеленски – претседател на Украина
фото: архива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека „војната“ постепено се враќа во Русија откако три беспилотни летала беа соборени над Москва, напад во кој руските власти соопштија дека едно лице е повредено.

„Војната постепено се враќа на територијата на Русија, во нејзините центри и воени бази, и ова е неизбежен, природен и апсолутно фер процес“,

рече Зеленски за време на посетата на западниот украински град Ивано-Франковск.

„Украина станува посилна“, додаде тој, предупредувајќи дека земјата треба да се подготви за нови напади врз енергетската инфраструктура во зима.

„Но, мора да бидеме свесни дека, како и минатата година, руските терористи можат да го нападнат нашиот енергетски сектор и критичните капацитети и оваа зима“, рече Зеленски, додавајќи дека за време на неговата посета на Ивано-Франковск било разговарано за „сите можни сценарија“.

Зеленски зборуваше откако синоќа беа соборени три украински беспилотни летала над Москва, како што соопшти руското Министерство за одбрана. Нападот ги оштети фасадите на две високи деловни згради и принуди привремено затворање на меѓународниот аеродром во Москва, „Внуково“.

Москва, исто така, соопшти дека руските сили спречиле обид на Киев да го нападне полуостровот Крим, анектиран од Русија, со 25 украински беспилотни летала.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Легендарната Каталин Ладик добитничка на „Астер“

Следно

ПОЧИНА СРПСКИОТ ПИСАТЕЛ ДАВИД АЛБАХАРИ

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop