ПРОПАЃА КИНОТО „МИЛЕНИУМ“ ВО ГТЦ, ГРАД СКОПЈЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ ГО ИГНОРИРА БАРАЊЕТО ЗА НОВ ПРОЕКТОР ОТИ СТАРИОТ ВЕЌЕ НЕ СЕ НИ ПОПРАВА

July 30, 2023
1 min read

Седум месеци скопското кино Милениум функционира без дигиталниот ДЦП проектор купен во 2012, а Градот Скопје не одговара зошто не се купува нов од 3 милиони денари (50 илјади евра). Стариот веќе не може ни да се поправа, нема делови за него, оти веќе не се произведуваат такви модели.

Маргарита Арсова, уредничка на филмската програма во Младинскиот културен центар (МКЦ), во чија надлежност е киното, вели дека киното е во ужасна состојба, речиси непоправлива. Киното моментално работи со проектор кој го купиле за проекции под отворено небо, дигитален обичен проектор од кој пуштаат репертоар со исти филмови веќе 6 месеци.

„Ги пропуштивме најголемите блокбастери и македонски премиери, бидејќи немаме соодветни услови за прикажување на тие наслови. Ова е главниот проблем. Тука е и контиунирано прокиснување на кровот, во август 2022 киното се поплави целосно, не работеше 2 недели додека се санира. Секако, ентериерните амортизации, тоалетите се веќе пред исклучување, една тажна, непреболена атмосфера“, вели Арсова.

Во Милениум се пуштаат филмови од локални дистрибутери на формат кој тотално не е соодветен за таков вид киносала, само колку да се одржи кинорепертоарот на некаков минимум и, како што вели Арсова, да не дозволат да се затвори киното и да биде уште една тажна скопска приказна претворена во казино.

„Тоа е единствената причина зошто имаме таков кинорепертоар каков што нудиме моментално. И секако, за да не ја разочараме најмладата публика, бидејќи токму нивните роденденски прослави зависат од проекциите на детската програма“, додава таа.

Арсова вели дека од Град Скопје немаат никаков одговор, а неколку пати е разговарано и запознаени се со состојбата.

„Единствено што знаеме и на сите ни е веќе општо познато е дека Градот е во незавидна финансиска кондиција и нашето прашање воопшто не е на дневен ред. Само да потсетиме, главниот наш град нема соодветна кино сала која е репрезентативна, што значи немаме кино дејност. Милениум е дел од Еуропа синемас, најстарата мрежа на кино сали во Европа, и навистина ќе биде пропаст ако се затвори и голем пораз на нашиот град“, вели Арсова.

Во Македонија, постојат две киносали во Скопје, киното Фросина во МКЦ и Милениум, една во Свети Николе, една во Штип, и по една во Битола и во Велес. Независно од оваа кино мрежа во Скопје работи мултиплексот Синеплекс во рамки на трговскиот центар Сити мол.

„Имаме повеќе филмски фестивали од киносали. А Агенцијата за филм финансира над 20 филмски фестивали годишно. Како очекуваме баланс во однос на градење на кинопубликата за овие филмски фестивали, кога немаме кинопрограма во текот на целата година?“, вели Арсова.

САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашање до Град Скопје зошто не се купува нов проектор, но од таму не добивме одговор.

Од 28 јули до 6 август кино Милениум нема да работи поради колективен одмор. Кинопрограмата почнува од 7 август.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Љуљзим Баша повторно лидер на албанските опозициски демократи

Следно

Пораки од Стефанини: ЕУ нема друга опција освен да се прошири, а С Македонија да ги засука ракавите

Latest from Blog

Опозицијата бара проширување на истрагата за пожарот во Кочани: Правдата не смее да биде селективна

Политичките реакции за трагичниот пожар во Кочани не стивнуваат. Опозициските партии СДСМ и ДУИ денеска повторно го критикуваа текот на истрагата, оценувајќи дека таа е селективна и не ги опфаќа вистински одговорните

Турски мајстор на бастуни ги гравира имињата што ја обликуваа турската историја

ИСТАНБУЛ (АА) – Селами КУЧУКОГЛУ – Мајсторот на ракотворби Шахин Караман создаде специјална колекција составена од 19 парчиња бастуни на кои се гравирани имињата, историските мотиви и настаните што ја обликуваа турската

Хамилтон помина без казна

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон избегна казна за попречување на Алекс Албон на свиокот 17 за време на вториот слободен тренинг во Саудиска Арабија. Возачот на Вилијамс беше во брз круг и

Во Рим започна втората рунда индиректни американско-ирански нуклеарни преговори

АНКАРА (АА) – Денес, во главниот град на Италија, Рим, започна вториот круг индиректни преговори помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран за нуклеарната програма на Техеран, пренесува Анадолу. Иранската новинска агенција

19-годишен возач загина кај Миравци

Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од
Go toTop