Главниот украински јуриш е почнат

July 28, 2023
1 min read

Изјавите на американските функционери следуваат неколку часови откако Русите пријавија големи украински напади на југот во регионот на Запорожје. Според портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, Украинците започнале „масовен“ напад со три баталјони (околу 3.000 војници), засилени со тенкови, на југот од градот Орихив, и потоа уште еден појужно во близина на селото Роботино.

Дел од американските функционери пак сметаат дека ова се уште се подготвителни операции за главниот напад или пак само смена на единиците кои до тогаш беа на фронтот. Тие пренесуваат изјави од украинските колеги кои им рекле дека новата операција, ако е успешна, ќе трае од една до три седмици. Американците сметаат дека ќе бидат доволни неколку дена за да се оцени дали нападите се успешни и дали Украина успеала да ја промени сегашната динамика.

Тајмс проценува дека бројките спомнати од руската одбрана се прилично мали имајќи предвид дека Западот до сега има обучено околу 63.000 украински војници, и ги има снабдено со 150 модерни тенкови, многу повеќе постари тенкови, стотици борни коли и илјадници парчиња останати оклопни возила. Најголемиот дел од ова до сега се чува во позадина, во очекување дека првичните напади ќе најдат дупка во руската одбрана која ќе може да се искористи.

Тврдењата за почетокот на главниот напад се поткрепени и со невообичаено големата артилериска активност и на Украинците и на Русите.

Областа околу Орихив е еден од трите главни правци на напад. Украинците се надеваат на пробивање и кај градот Токмак од каде треба да продолжат на околу 80 километри на југ кон Мелитопол. Ова треба да направи процеп во руската територија и да ја подели на два дела, со што за Москва ќе се отежне снабдувањето и координацијата на војските на фронтот.

Додека ова се случува на првата линија на фронтот, Тајмс пишува дека во други сегменти Русите се тие што се во офанзива. Во средата вечер тие извршија голем и комплексен напад на целата територија на Украина, опфаќајќи го и западниот град Старокостјантинив на некои си 800 и кусур километри од Орихив. Според украинската одбрана, голем број од руските ракети, сред лет смениле курс за да ги избегнат ПВО системите. Во нападот, според Украинците, биле испукани 36 крстосувачки ракети и четири балистички ракети. Втората точка на напредок на Русите е Црното море каде руската морнарица повторно ја презема целата контрола на движење и започна поморска блокада на Украина откако Москва реши се повлече од договорот за испорака на жито.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во пресрет на Илинден, во Крушево првпат се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“

Следно

Обвинителството со детали за прободувањето на бугарскиот навивач во Чаир

Latest from Blog

ИЗРАЕЛ ЛИКВИДИРА ПО ОВОЈ ПЛАН И ТАЕН СПИСОК. Не се предвидени судења или судски постапки

Иако во Појасот Газа е на сила официјално примирје, зад сцената се одвива масовна, технолошки напредна операција за одмазда. Според голема истрага објавена од „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal), израелските разузнавачки

Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На седницата

Тухел ги „прецрта“: Англија без Фоден и Мегваер оди на Мундијал

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фил Фоден, и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, нема да бида вклучени во составот на Англија за претстојното Светско првенство, објави „Тајмс“. Составот на

Божиновска: Платформата за енергетска транзиција веќе испорачува конкретни резултати

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано

Иран воведува нов режим на контрола во Ормускиот теснец

Овој систем вклучува владини договори, строга проверка на бродовите и во некои случаи наплата на „такси“ за безбеден премин, додека глобалните енергетски текови се нарушени поради регионалниот конфликт. Во еден од инцидентите
Go toTop