Обвинителството со детали за прободувањето на бугарскиот навивач во Чаир

July 28, 2023
1 min read

Според Обвинителството, бугарски навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, која преминала и во физичка пресметка, а завршила со прободување на 29-годишен бугарски државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје сподели нови детали за прободувањето на бугарскиот навивач во Чаир, што е само еден од инцидентите кои вчера го одбележаа фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Левски од Софија.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до инцидентот дошло откако навивачи на Левски, со две возила со бугарски регистарски таблички, се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Потоа бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во тепачка со група граѓани кои излегле од околните објекти.

При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил прободен со остар предмет во стомакот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба.

Извор: Принтскрин / nova.bg

Првични сознанија на Обвинителството се дека локалните граѓани вклучени во инцидентот не се дел од навивачка група. Но, тоа ќе се провери.

„Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од местото на настанот кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видеозаписи од околните објекти и од камерите на системот ‘Безбеден град’, а се преземаат и други дејствија“,

велат оттаму.

Ова е само еден од настаните кои го одбележаа вчерашниот натпревар. Полицијата извести дека уапсила вкупно 21 лице.

Извор: Принтскрин / 4news.mk

Двајца навивачи на Шкупи и деветнаесет на Левски од Софија се товарат за нарушување на јавниот ред и мир – пред и за време на натпреварот, а дел од нив и за физички напад на полициски службеници.

Според Министерството за внатрешни работи, навивачите од Бугарија, освен што го нарушиле јавниот ред и мир во Скопје, физички нападнале и полицајци.

Околу полноќ, пак, полицијата ги уапсила и двајцата навивачи на Шкупи. Тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Главниот украински јуриш е почнат

Следно

Шкупи и Левски ги очекуваат казни од УЕФА

Latest from Blog

ИЗРАЕЛ ЛИКВИДИРА ПО ОВОЈ ПЛАН И ТАЕН СПИСОК. Не се предвидени судења или судски постапки

Иако во Појасот Газа е на сила официјално примирје, зад сцената се одвива масовна, технолошки напредна операција за одмазда. Според голема истрага објавена од „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal), израелските разузнавачки

Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На седницата

Тухел ги „прецрта“: Англија без Фоден и Мегваер оди на Мундијал

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фил Фоден, и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, нема да бида вклучени во составот на Англија за претстојното Светско првенство, објави „Тајмс“. Составот на

Божиновска: Платформата за енергетска транзиција веќе испорачува конкретни резултати

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано

Иран воведува нов режим на контрола во Ормускиот теснец

Овој систем вклучува владини договори, строга проверка на бродовите и во некои случаи наплата на „такси“ за безбеден премин, додека глобалните енергетски текови се нарушени поради регионалниот конфликт. Во еден од инцидентите
Go toTop