Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ од вечерва се прикажува во Кинотека

July 27, 2023
1 min read

За одбележување на 60-годишнината од трагичниот земјотрес што го опустоши Скопје во 1963 година, во Кинотеката на РС Македонија се одржува дигитализираната изложба на Државниот архив со наслов „Подемот и падот на Скопје“. Изложбата ќе трае три дена почнувајќи од денеска, во 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

 

Државниот архив на Република Македонија, од своето основање во 1951 година, е посветен на зачувување на нашата историја, култура и традиција. Преку оваа мисија, Архивот успешно одбележа значајни државни јубилеи и историски настани.

 

Меѓу безбројните архивски материјали поврзани со скопскиот земјотрес во 1963 година, впечатлива е фотодокументацијата на Киро Георгиевски, официјален фотограф на Собранието на Град Скопје во средината на 20 век. Неговата обемна колекција фотографии нуди длабински поглед на настанот и на неговите последици, од првичното уништување до колективните напори за обнова поттикнати од меѓународната солидарност.

 

Оваа дигитализирана изложба содржи над 300 фотографии и документи, нагласувајќи го значењето на зачуваните архивски материјали во реконструкцијата на историјата. Посетителите ќе бидат сведоци на непосредните последици од земјотресот, на последователниот процес на закрепнување и на реконструкцијата на градот под раководство на градоначалникот Методија Антов.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од почетокот на годината досега на брегот на Тунис пронајдени над 900 тела на мигранти

Следно

Билансот од ковид и вакцините кај германските деца

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop