Белгискиот суд прогласи шестмина обвинети за виновни за смртоносните терористички напади во Брисел во 2016 година

July 25, 2023
2 mins read

Станува збор за најсмртоносниот напад во мирновременски услови во Белгија, кој се случи на 22 март 2016 година и беше дел од бранот напади во Европа поврзани со Исламската држава. Меѓу осудените е и Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна затворска казна без помилување во Франција за неговата улога во нападите во 2015 година во париски кафулиња, театарот Батаклан и францускиот национален стадион. Во нападите во Париз загинаа 130 луѓе

Судот во Брисел прогласи шестемина обвинети за виновни за масовно убиство во терористички напад, по повеќе од седум години од самоубиствените бомбашки напади на аеродромот и метро-станицата во белгиската престолнина, во кои загинаа 32 лица, а стотици други беа повредени, пренесуваат светските медиуми.

Припадник на специјалните полициски сили го надгледува внесувањето на обвинетите во специјално дезајнираниот застаклен простор во судницата во Брисел пред изрекувањето на пресудата / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

По долго судење и 19 дена расправа на поротата, судот во Брисел денеска ја соопшти пресудата, пишува Би-би-си. 

Станува збор за најсмртоносниот напад во мирновременски услови во Белгија, кој се случи на 22 март 2016 година и беше дел од бранот напади во Европа поврзани со Исламската држава, наведува Асошиејтед прес. 

Меѓу осудените е и Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна затворска казна без помилување во Франција за неговата улога во нападите во 2015 година во париски кафулиња, театарот Батаклан и францускиот национален стадион. Во нападите во Париз загинаа 130 луѓе. 

Врската во двата напади, во Париз и во Брисел, беше мрежата на Исламска држава, потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, пренесувајќи ја веста за пресудата. 

Во завршницата на најголемиот судски процес во историјата на белгиското правосудство, главниот судија ги именуваше жртвите пред да ги прочита одлуките и објаснувањата на дванаесетчлената порота. 

Во случајот им се судеше на вкупно десет обвинети. Двајца обвинети, по потекло од Тунис и Руанда, се ослободени од обвиненијата за убиство, но се осудени за учество во терористички активности, заедно со другите шест обвинети. Последните двајца, браќата Смаил и Ибрахим Фариси, се ослободени од сите обвиненија, пренесува Би-би-си. 

Дел од атмосферата во судницата во Палата на правдата во Брисел пред изрекувањето на пресудата / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

За казната ќе се одлучува во посебен процес, но не пред септември оваа година 

Нападите кои се случија во утринските часови на бриселскиот аеродром и на централната линија на метрото во Брисел длабоко го потресоа градот – каде се наоѓаат седиштата на Европската унија и на НАТО. Покрај 32 загинати, стотици други беа ранети или претрпеа тешки психички трауми. 

Поротата направи јасна врска меѓу нападот и екстремистичката идеологија на Исламската држава и утврди дека напаѓачите очигледно сакале да внесат страв и немир во белгиското општество. 

Поротниците утврдиле и дека имало јасна убиствена намера и умисла, пренесуваат медиумите. 

Поротата заклучи дека на нападите може да им се припишат уште четири смртни случаи, вклучително и на еден преживеан кој подоцна си го одзеде животот поради психички трауми и на друг кој морал да го прекине лекувањето од рак поради повредите здобиени во нападот, наведуваат медиумите. 

Судијката Лоренс Масарт која претседаваше со судскиот процес за терористичките напади во Брисел во 2016 година за време на денешното изрекување на пресудата / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Абдеслам беше единствениот преживеан од екстремистите на Исламската држава кои го нападнаа Париз во ноември 2015 година. По неколку месеци во бегство, тој беше фатен во Брисел на 18 март 2016 година. Се верува дека неговото апсење можеби ги поттикнало другите членови на ќелијата на Исламската држава да побрзаат со извршување на плановите за напад на белгиската престолнина. 

Мохамед Абрини, пријателот од детството на Абдеслам, роден во Брисел, кој го напушти аеродромот откако неговиот експлозив не се активира, исто така е осуден за терористичко убиство на судењето во Брисел. 

Усама Атар, идентификуван како можен организатор на смртоносните напади на Париз и Брисел, е осуден за терористичко убиство во отсуство. 

Се верува дека тој е убиен во последните месеци од борбите против Исламската држава во Сирија и Ирак. 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(ВИДЕО) Се сруши бетон од зграда во Нови Сад, две момчиња за малку ќе настрадаа

Следно

Кварацхелија потпишува нов договор со Наполи

Latest from Blog

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна

Со што ќе се соочат македонските граѓани со бугарски пасоши ако Бугарија побара да се откажат од македонското државјанство?

Професорот Александар Спасов, Правниот факултет при УКИМ Скопје, во интервју на ТВ 24 објаснува што би се случило доколку Бугарија побара од македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство да се откажат

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и
Go toTop