ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ФОТОИЗЛОЖБА ЗА ЕВРЕЈСКОТО МААЛО ВО СКОПЈЕ ПРЕД И ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ

July 25, 2023
1 min read

Вечерва во 20 часот на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, некогашно Еврејско Маало, ќе биде отворена изложбата „Последниот татнеж во Еврејското маало- фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас“. Изложбата се состои од 14 паноа на кои преку фотографии е претставен животот во Скопје и скопското Еврејско Маало пред земјотресот, веднаш по катастрофата и почетоците на создавањето на модерно Скопје. Кураторка на изложбата е Жаклина Мучева.

Мал дел од фотографиите се од архивската документација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а поголемиот број се создадени од Алтарас и добиени на подарок од неговиот син, за Фондот на холокаустот.

Рафаел (Ратко) Алтарас е роден на 28 март 1923 во Белград, како шесто дете на Авраам и Флора Алтарас, сефардско еврејско семејство. Во 1941, на 18 години, тој се приклучил на партизанското движење во борбата за ослободување на земјата, и бил носител на партизанска споменица 41-ва (прв борец). Од целото семејство Алтарас, тој и неговите две постари сестри, кои се венчале пред почетокот на војната (презимиња Димитријевиќ и Радовиќ), ја преживеале војната. По неговото ослободување, тој ја продолжил својата кариера како офицер на ЈНА и се пензионирал во ранг на полковник на ЈНА.

„Во периодот од 1959 до 1963, тој служел во скопскиот воен округ, и го доживеал скопскиот земјотрес таму – тој бил меѓу првите кои дошле да им помогнат на повредените. Бидејќи фотографирањето му било хоби и никаде не одел без фотоапаратот, помагајќи и фотографирал. Со тоа фотографиите биле создадени како автентичен запис за ужасот кој го снајде градот Скопје“, вели Мучева.

Изложбата е по повод одбележувањето на 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на македонските Евреи.

Изложбата ќе трае до 31 август и ќе биде поставена на вториот спрат во Меморијалниот центар на холокаустот. Влезот е слободен.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кибернапади врз министерствата во Норвешка

Следно

Русија тврди дека Украина се обидела да нападне патролен брод во Црно Море

Latest from Blog

Земјотрес во Јапонија: 6,4 степени според Рихтер

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ) соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри под површината, објави Ројтерс. Моментално нема предупредување за цунами. Извор: vecer.mk

Проданоски: Прилепската болница добива современа медицинска опрема за подобра здравствена грижа

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на

Позитивен трговски ден на берзата: МБИ10 достигна 9.881 поен

Македонската берза во пораст: МБИ10 порасна за 0,34%, најтргувани акциите на Комерцијална банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 15.05.2026,

Проданоски: Модернизација на прилепската болница со нови медицински апарати

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на
Go toTop