(ВИДЕО) Водена бура во Италија – една жена загина, авион оштетен од град принудно слетал во Рим

July 24, 2023
1 min read

Откорнати дрва, колапс на сообраќајот, оштетен патнички авион – во силното невреме кое ја зафати Италија има и жртва. Како што објави весникот „Кориере дела сера“, жртвата е 58- годишна жена која загинала откако врз неа паднало дрво. Најпогодена била областа Ломбардија, а на телефоните на регионалната противпожарна служба во Милано примиле повеќе од 100 повици од вознемирени граѓани кои пријавиле дека налетите на ветерот кршеле и корнеле дрвја.

Италијанските медиуми пишуваат и дека авион кој попладнево полетал од Милано принудно слетал во Рим откако бил оштетен од силните врнежи со град.

Веста беше потврдена и од американската компанија „Делта еарлајнс“, без да прецизираат колкави се штетите. Според авиокомпанијата, авионот слетал безбедно, а патниците нормално се симнале.

„Авионот на релација DL185 од Милано до аеродромот Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк бил пренасочен кон Рим откако наишол на многу неповолни временски услови по полетувањето“.

се наведува од авиокомпанијата.

Попладнево беше издадено предупредување , највисок аларм за тревога во северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија.

Невремето беше проследено со силен ветер и грмежи со пороен дожд и град, а според прогнозите очекуваи беа бури со разорен град, ветрови со урагански сили со брзина од 120 километри на час и силни грмежи.

И во Хрватска повторно се очекува невреме, каде ДХМЗ издаде портокалов метеоаларм.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гран при за „Траги на диви животни“ на српскиот режисер Ненад Павловиќ на фестивалот „Преку езерото“

Следно

Белата куќа: Не поддржуваме напади внатре во Русија

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop