Гутереш изрази солидарност со муслиманската заедница поради палењето на Куранот

July 21, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази солидарност со светската муслиманска заедница на состанокот со Амбасадорската група на Организацијата за исламска соработка (ОИС), јавува Анадолу.

Состанокот се одржа откако Салван Момика минатиот месец запали примерок од муслиманската света книга под полициска заштита пред џамија во Стокхолм, Шведска, што беше широко осудено во муслиманските земји.

Гутереш ги осуди актите на нетолеранција, насилство и исламофобија, кои ги влошуваат тензиите и придонесуваат за дискриминација и радикализација, се вели во соопштението на неговиот портпарол Стефан Дужарик.

Тој, исто така, ја изрази решеноста на ОН за целосно спроведување на Резолуцијата на Советот за човекови права за „спротивставување на верската омраза што претставува поттикнување дискриминација, непријателство или насилство“.

Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева на 12 јули ги осуди неодамнешните напади врз Куранот и покрај гласовите на западните земји против Резолуцијата.

Резолуцијата, која повикува на осуда на нападите насочени кон Куранот и ги опишува како „акти на верска омраза“, беше ставена на гласање од 47-члениот Совет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сан Франциско под клуч

Следно

НАСА: Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop