НАСА: Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години

July 21, 2023
1 min read

Научниците прдупредуваат дека следната година веројатно ќе биде уште потопла поради јакнењето на феноменот Ел Нињо

Инаку, 3 јули 2023 година, беше забележан како најтоплиот ден на планетата Земја во историјата на мерењата на температурата. Просечната глобална температура на 3 јули достигнала ново највисоко ниво, односно 17 Целзиусови степени, надминувајќи го рекордот од 16,9 степени измерени во август 2016 година

Научници на Националната аеронаутичка и вселенска администрација, позната како НАСА, велат дека јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години, предупредувајќи дека следната година веројатно ќе биде уште потопла, јави Дојче Веле.

toplo-vreme

„Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уривањето на температурните рекорди не се изненадување“,

изјави Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА.

Главниот научник и виш советник за климата на НАСА, Кејт Калвин, вели дека науката говори оти човечката активност, главно емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикуваат затоплувањето.

Топлотните бранови забележани во моментов, како што посочија научниците, се должат на целокупната топлина низ светот, особено во океаните. Таму, како што велат, се забежуваат рекордни температури на површината на водата, дури и вон тропските предели. Овие температури се очекува да продолжат да растат поради непрестаното ослободување на стакленички гасови во атмосферата.

Предвидувањата се дека 2024 година ќе биде уште потопла од оваа поради јакнењето на феноменот Ел Нињо.

Инаку, 3 јули 2023 година, беше забележан како најтоплиот ден на планетата Земја во историјата на мерењата на температурата. Просечната глобална температура на 3 јули достигнала ново највисоко ниво, односно 17 Целзиусови степени, надминувајќи го рекордот од 16,9 степени измерени во август 2016 година.

Оваа температура, како што соопштија експерти од областа, е највисоката просечна температура што е измерена од почетокот на сателитскиот мониторинг од 1979 година, а најверојатно е и највисоката од крајот на 19 век, од кога се прават инструментални мерења на температурата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гутереш изрази солидарност со муслиманската заедница поради палењето на Куранот

Следно

Фернандеш нов капитен на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop