Вучиќ: Побарав НАТО да ја преземе контролата и да обезбеди пристоен живот за Србите на Косово

July 19, 2023
1 min read

На средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг , српскиот претседател Александар Вучиќ побарал НАТО да ја преземе контролата и да обезбеди пристоен живот за Србите на Косово, пренесуваат српските медиуми. Вучиќ од Брисел порачал дека КФОР е единствена институција која нешто прави за смирување на тензиите и дека заеднички именител на денешните средби е желбата што побрзо да се дојде до деескалација на односите.

„Се плашам дека не сме на патот кој би ни гарантирал сигурност и безбедност, но верувам дека ова наше барање или барање до НАТО ќе вроди со плод или со нивно поголемо внимание. Сигурен сум дека не сакаат Србите да бидат протерани од нивните вековни огништа,“

изјавил Вучиќ од Брисел.

Како што објави Н1, Вучиќ истакнал дека е потребна поголема соработка со НАТО и КФОР, а на средбата со Столтенберг имало многу конкретни пораки.

„Изјавата на Курти не е само проблематична во делот во кој тој го најавува новиот прогон на Србите, туку има многу поголем правен проблем, а тоа е дека според резолуцијата 1244 на ОН, ОВК или нешто слично на неа не може да постои на Косово, а Курти самиот вели дека косовската полиција е наследник на ОВК и тоа не може да постои,“

потенцирал српскиот претседател.

Во однос на извештајот што специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, го претстави пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, Вучиќ нагласи дека извештајот е многу подобар од пред два месеци.

„Кога можевте да слушнете подобар извештај во американскиот конгрес за прашањето за Косово и Метохија, кога точно од 1995 година? Па, никогаш, се разбира. Кога можевте да слушнете за овие години дека Србија не е единствениот виновник,“

изјавил Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Тројца мртви и над 60 повредени е билансот од невремето во Хрватска, жртва има и во БиХ

Следно

Јошко Гвардиол официјално во Манчестер Сити за 100 милиони евра

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop