Со поставката „75 / 75“ ќе бидат обележани 75 години од формирањето на Националната галерија

July 18, 2023
1 min read

Националната галерија во објектот Чифте амам утре отвара изложба под наслов „75 / 75“ со почеток во 20 часот. Со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на 75 години од формирањето на Националната галерија.

Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела. Селекцијата се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам, со акцент на студиозно третирање на фигурата и портретот, информираат од Националната галерија.

На изложбата „75 / 75“ ќе бидат претставени дела од: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори).

Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, датумот кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За изгубени случаи на меѓународните судови Албанија треба да плати 214,4 милиони евра

Следно

Колкумина би протестирале кога Франција би почнала да одзема државјанства?

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop