Почина Џејн Биркин, британско-француската актерка, пејачка и модна икона

July 16, 2023
1 min read

Биркин била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Париз. Имаше 76 години

Многумина можеби и не знаат за која песна станува збор кога ќе го прочитаат само името “Je T’aime…moi non plus”, но често се доволни само првите тонови за да се препознае една од меѓународно најпознатите француски песни на сите времиња. Џејн Биркин беше женскиот глас во дуетот со нејзиниот тогашен партнер Серж Гејнсбург, а песната ги предизвика тогашните табуа и граници за тоа – до каде може да се оди во претставувањето на љубовта и страста во едно музичко дело.

Џејн Биркин и Серж Гејнсбург, дел од спотот за песната “Je T’aime…moi non plus”

Во својата актерско-музичка-модна кариера, Биркин беше инспирација за женската ташна на Хермес, наречена по нејзе „Биркин“. Ташната е популарна и ден денеска.

ташната „Биркин“, на брендот „Хермес“

Биркин е родена во Лондон во 1946 година. Слава стекнува пеејќи на француски, особено со хитот “Je t’aime… moi non plus”, која ја пее во дует со Серж Гејнсбург. Гејнсбург, во тој момент е партнер на Биркин, но песната е напишана за неговата бивша – познатата Брижит Бардо. Дуетот бил снимен во 1968 година. Веднаш е забранет за емитување на радио во повеќе земји, а песната ја осудил и Ватикан поради сексуалноста на текстот. Но, двојката добива слава и допира до нова меѓународна публика.

Биркин и Гејнсбург ќе останат партнери 12 години. По разделбата, нема да го прекинат пријателството. Гејнсбург, кој бил 18 години постар од неа, ќе продолжи да пишува песни за Биркин долго по разделбата. Двојката има ќерка, познатата глумица и пејачка Шарлот Гејнсбург.

По разделбата со Гејнсбург, Биркин работи и како актерка и како пејачка. Објавува повеќе соло албуми а се појавува и во независни филмови.

Од 70-тите години на минатиот век, Биркин живееше во Франција. Освен на Шарлот Гејнсбург, таа е мајка на фотографката Кејт Бери (од првиот брак, со композиторот Џон Бери) и на музичарката Лу Дојон (од врската со режисерот Жак Дојон).

„Не знам колку беше лесно за децата да имаат мајка чии голи фотографии се појавуваа во списанија и татко кој гореше банкноти од 500 франци. Се надевам дека барем едно од нив, постапи исправно за некои работи“,

има изјавено Џејн Биркин за Тајмс, за времето поминато со Серж Гејнсбург.

Во септември 2021 година, француските медиуми јавија дека Биркин закрепнува по претрпен мозочен удар.

Денеска, Биркин била пронајдена почината во нејзиниот дом.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шефот на турската дипломатија се состана со малезискиот премиер Ибрахим

Следно

Четврто издание на Галичник филм фестивал од 4 до 6 август

Latest from Blog

Англија со четири гола ја совлада Хрватска во еден од најдобрите мечеви на Мундијалот (ВИДЕО)

фото: England (X) Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој

Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било.

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна
Go toTop