Ирина Муресану и Оркестарот на Институтот „ FAMES“ приредија незаборавна вечер на „Охридско лето“

July 16, 2023
1 min read

Црквата „Света Софија“ вчеравечер беше претесна да ги прими љубителите на класичната музика кои сакаат да го проследат концертот на романската виолинистка Ирина Муресану и оркестарот „FAMES“ од Македонија.

Концертот се одржа во рамки на Романската вечер на „Охридско лето“ со поддршка на амбасадата на Романија во нашата земја.

Отворајќи ја вечерта, амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте рече дека оваа е ислучителна година за Романија во однос на учеството на фестивалот „Охридско лето“.

Навистина ни беше голема чест што Анџела Георгиу , најголемата и најталентирана оперска ѕвезда на нашето време, на 12 јули го отвори овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија, под диригентската палка на Чипријан Теодорашку од Романија. Ова беше овозможено само со исклучителна посветеност и професионалност на организаторите на фестивалот „Охридско лето“ и затоа упатувам најтопли честитки до Наташа Поповиќ, генерален директор на фестивалот, до маестра Бисера Чадловска, селекторка на музичката програма, како и до целиот тим за нивните извонредни достигнувања и што преку нивната работа и ентузијазам овозможија успешно спроведување на фестивалот „Охридско лето“ еден од најистакнатите културни настани во Европа, рече амбасадорката Адела Моника Аксинте.

Уметницата Ирина Муресану заедно со Оркестарот на Институтот „ FAMES“ приредија незаборавна вечер со богат и разновиден репертоар. Муресану е меѓународно призната виолинистка и добитник е на награди и признанија на престижни натпревари по виолина. Настапува на бројни фестивали ширум светот како солист и камерен музичар.

Изминатата недела имав одлична соработка со оркестарот. Поминавме преубаво време заедно и на пробите и на снимањата, а така беше и синоќа на концертот на „Охридско лето“, рече Муресану.

И младите уметници, дел од оркестарот со кој настапи таа беа задоволни од соработката со неа.

Имавме многу разновиден репертоар. Отсвиревме дела од многу композитори од целиот свет, од Кина, Сирија, Романија, Македонија, САД, Аргентина. Виолинистката Ирина Муресану е прекрасна и премногу енергична личност, рече Антонина Тородорска, полска уметница која има македонско потекло.

„Охридско лето“ вечерва продолжува со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Националната опера и балет од Македонија што ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ од 21 часот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА И АКТЕРКА ЏЕЈН БИРКИН

Следно

Бектеши на наредна владина седница ќе ги презентира сите судски одлуки за рудникот во Иловица, вели Ковачевски

Latest from Blog

Интересно: Англичаните уште сега се подготвуваат за пенал – серии во групната фаза!

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги предупреди своите играчи дека мора да бидат целосно подготвени да поминат низ изведување пенали во најмалку две нокаут рунди на патот до нивната сонувачка титула

Можеби Русија не планира но, БРИТАНИЈА И ГЕРМАНИЈА ПРОВОЦИРААТ ВОЈНА

Британските вооружени сили во раните утрински часови во неделата пресретнаа руски нафтен танкер во Ламанш, во операција која ја потврди британскиот премиер Кир Стармер, пренесува BBC. Во шестчасовната акција, командоси на Кралската

СДСМ: Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците

Додека Мицкоски го штити Трипуновски, сточарите се во тешка криза, порача Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ на денешната прес-конференција. „Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза.

ВЛЕН: По две децении застој, автопатот Скопје–Блаце конечно се реализира

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека автопатот Скопје–Блаце влегува во фаза на конкретна реализација, откако е завршена постапката за избор на изведувач, со што, како што наведуваат, еден од најважните инфраструктурни и стратешки проекти

Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранислав Николов приредија незаборавна вечер во Благоевград

Втората фестивалска вечер на „Crossing Jumaya“ во Благоевград донесе силни емоции, балканска музичка магија и настапи кои уште долго ќе се паметат. По успешното отворање на фестивалот, втората вечер ја потврди неговата
Go toTop