Македонските фудбалери на 27. март против Фарските острови во Скопје

January 18, 2023
1 min read

Македонската машка фудбалска репрезентација на 27. март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Фарските острови, што, воедно, ќе биде нивен прв меѓусебен дуел во историјата.

Како што попладнево официјално соопшти Фудбалската федерација на Фарските острови (ФСФ) натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18 часот.

Репрезентацијата на Фарските острови ќе допатува во Скопје од Молдавија каде на 24. март ги почнува квалификациите за пласман на ЕУРО2024.

Македонија, пак, ги стартува евроквалификациите ден порано против Малта на домашен терен, во рамки на групата Ц во која се и Англија, Италија и Украина.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Именуван е ВД директор на Управата за извршување на санкции, еве кого избра Владата

Следно

Објавени имињата на жртвите: Со украинскиот министер загинале и други функционери

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop