ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

September 16, 2026
1 min read

Британски
државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а
се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски
„Телеграф“.

Италијанската
полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон Брејтвејт (35) од Лидс. Брејтвејт
живеел во импровизирана заедница од претежно странски хипици во рурална западна
Сицилија.

Неговото
голо тело било пронајдено до шаторот каде што спиел, во рурална област во
близина на селото Каникатини Бањи, во внатрешноста на островот, недалеку од
пристанишниот град Сиракуза.

Засега не е
познато дали смртта е резултат на несреќен случај, напад или самоубиство.
Полициските службеници пронашле и дрога на локацијата, како и цртеж со козја
глава на камениот ѕид што го оградува имотот.

Смртта ја
истражуваат членови на карабинерите од блискиот град Ното, заедно со
обвинителството во Сиракуза. Обдукцијата ќе се изврши следниот вторник, а
полицијата веќе ги испрашала членовите на изолираната заедница.

„Ќе мора да
ги почекаме резултатите од обдукцијата за да ја утврдиме причината за смртта.
Областа каде што е пронајдено неговото тело е во природа, каде што живее група
млади луѓе. Теренот е прилично непристапен“, изјави потполковник Сара Пини,
која ја води истрагата.

Цртежот со
козја глава и присуството на дрога ги поттикнаа италијанските медиуми да
шпекулираат дека на локацијата можеби се одвивале „окултни или езотерични
ритуали“. Сепак, потполковник Пини изјави дека полицијата досега не пронашла
конкретни докази што укажуваат на „езотерични обреди“, освен цртежите на ѕидот.

Телото на
Брејтвејт било пронајдено некаде меѓу саботата навечер и раното утро во
неделата.

„Меѓу
младите што живеат во оваа област, има и луѓе со универзитетски дипломи кои
решиле да остават сè зад себе“, изјави Паоло Амента, градоначалник на
Каникатини Бањи.

За
мештаните, нивниот начин на живот бил „интересен“

Мештаните ги
нарекуваат „хипици или деца на цвеќето“. Тие доаѓаат од неколку земји,
вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија и Австрија.

„Ги среќавам
одвреме
–навреме,
особено за време на настаните што се одржуваат во селото. Нивниот начин на
живот и начинот на облекување предизвикуваат одредена љубопитност. Но, никогаш немало
какви било проблеми“, рече градоначалникот.

Тој додаде
дека смета оти е малку веројатно некој од нив да се занимава со окултни или
езотерични практики.

„Тие секогаш
се однесувале љубезно и срдечно. Имаат номадски начин на живот и обично
остануваат помеѓу десет дена и еден месец, иако некои остануваат и подолго. Се
надеваме дека истрагата ќе разјасни што точно се случило“, изјави тој за
италијанските медиуми.

Портпаролот
на британското Министерство за надворешни работи изјави: „Му даваме поддршка на
семејството на Британецот кој почина во Италија и сме во постојан контакт со
локалните власти“.

Овој случај
потсетува на сличен инцидент од 2024 година, кога еден Италијанец беше
пронајден мртов во река во северна Италија откако учествувал во церемонија во
поранешна опатија. Тогаш обвинителството се сомневаше дека 25-годишниот Алекс
Марангон веројатно бил убиен за време на шамански ритуал, по конзумирање
ајахуаска – халуциноген пијалок што традиционално го користат домородните
народи од Амазонија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Andin Hoti pas vendimit të Speciales: “Jo në emër tim”

Следно

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop