Курти најави дека ќе го намали бројот на полицајци во и околу општинските згради на северот на Косово

July 12, 2023
2 mins read

Владата на Косово јавно ја покажува својата подготвеност да придонесе за деескалација на ситуацијата и да не презема чекори кои би можеле да ја ескалираат ситуацијата на северот на земјата. Тоа значи и итно намалување на четвртина од полицајците кои се внатре во зградите или во нивна близина, изјави денеска косовскиот премиер

Тој, исто така, додаде дека поддржува одржување нови избори во четирите северни општини, но според важечката законска регулатива и откако ќе заврши летото

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Според договорот од понеделникот во Братислава, 25 отсто од полицајците во и околу општинските објекти на северот ќе бидат преместени на други места во истите општини каде што е потребно, рече косовскиот премиер Албин Курти во своето обраќање пред седницата на владата на Косово. Ваквата одлука следува бидејќи, како што нагласи, во последните две недели ситуацијата во општина Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ е многу помирна.

„Владата на Косово јавно ја покажува својата подготвеност да придонесе за деескалација на ситуацијата и да не презема чекори кои би можеле да ја ескалираат ситуацијата на северот на земјата. Тоа значи и итно намалување на четвртина од полицајците кои се внатре во зградите или во нивна близина. Така, 25 отсто од полициското присуство ќе биде преместено на други места во истите општини и ќе продолжи со својата работа таму каде што има поголема потреба од нив бидејќи сметаме дека состојбата во близина на општинските згради е релативно помирна веќе две недели. Второ, косовската полиција, заедно со ЕУЛЕКС и КФОР, ќе ја процени безбедносната ситуација по потреба, особено за да ја разгледа можноста за дополнително намалување на полициското присуство во и околу општинските згради. Ова беше наше барање од почетокот бидејќи владеењето на правото и мирот и безбедноста ги гледаме како заеднички интерес на сите страни“,

рече Курти.

Тој, исто така, додаде дека поддржува одржување нови избори во четирите северни општини, но според важечката законска регулатива и по летната сезона.

„Владата на Косово преку соопштение во јавноста дава поддршка за одржување на предвремени избори во четирите општини на северот од државата и тоа по летната сезона и со целосно почитување на законската рамка. Во овој случај, ние се залагаме да ја обезбедиме потребната правна основа за да овозможиме организирање на овие избори. За нас продолжува да биде важно граѓаните да имаат локална застапеност. Но, за да се постигне ова, мора да се создаде средина која овозможува вистинска кампања, политички плурализам, учество на локалните заедници и која гарантира неповредливост на гласот. Во овој контекст треба да се сфати важноста што владата му ја дава на владеењето на правото во секој дел од државата. Не можеме да правиме компромиси со владеењето на правото бидејќи тоа би ја поткопало демократијата. Четвртата се однесува на поканата што ЕУ ќе ја испрати до двајцата главни преговарачи. Тие ќе бидат поканети во Брисел со цел да се финализира планот за секвенционирање, односно табелата за имплементација на Договорот за нормализација, по што ќе започне имплементацијата на сите членови од договорот“,

вели Курти.

Покрај овие, Курти ја истакна потребата од отстранување на мерките на ЕУ против Косово бидејќи, според него, двете страни треба да преговараат врз основа на еднакви позиции.

Тој, исто така, нагласи дека за успешно спроведување на основниот договор меѓу Косово и Србија двете страни мора јавно да признаат дека договорот е правно обврзувачки.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Г-7 најави безбедносни гаранции за Украина, Русија го оцени тоа за срамно

Следно

Брахим откри каков совет добил од Анчелоти по враќањето во Реал

Latest from Blog

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди. Впрочем, тоа

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме. „Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија,

Панче Тошкоски: Жестоко и сурово ќе одговориме на вакви дејствија што подгреваат меѓуетнички тензии

„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети. -Пошта

Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт преку кој сакаат да дојдат на власт

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ
Go toTop