Бројот на заболени со ебола во Конго надмина 12.000- починале над 5.900 луѓе

November 27, 2026
1 min read

Епидемијата, предизвикана од реткиот сој на вирусот ебола Бундибугио, беше прогласена кон средината на мај во североисточната покраина Итури и оттогаш се прошири во осум од 26-те покраини во земјата, објави Ројтерс.

Нема одобрени лекови или вакцини за сојот. Доцното откривање на случаи, вооружените конфликти и преоптоварениот здравствен систем придонесоа за побрзото ширење на болеста отколку во претходните епидемии.

Skræktal: 12.000 smittet https://t.co/xz55w33tWQ

— Ekstra Bladet (@EkstraBladet) November 26, 2026

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ), само 15 проценти од новите случаи доаѓаат од луѓе кои веќе им се познати на здравствените власти, што укажува дека многу синџири на пренос на вирусот сè уште не се откриени.

Сегашната епидемија е втора најголема и најсмртоносна досега, по епидемијата од 2014-2016 година во Западна Африка, која зарази повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000. Анализата на „Ројтерс“ на сателитските снимки сугерира дека официјалниот број на жртви во двете области на Конго кои се најтешко погодени од епидемијата би можел да биде значително потценет, соопшти агенцијата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус убедлив против Омонија во Лига Европа, голем пресврт на АЗ Алкмар (Видео)

Latest from Blog

Најнизок раст на населението во Велика Британија од 1983 година поради падот на миграцијата

Растот на населението во Велика Британија речиси целосно запре поради континуираното и значително намалување на меѓународната миграција – покажуваат најновите податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС). Според прелиминарните податоци на ОНС,

Пожар во рафинерија во Бангкок- повредени се најмалку седум лица, некои се борат за живот

Компанијата првично соопшти дека интервенирала за да го локализира пожарот и да ги исклучи сите производствени единици. Пожарот беше ставен под контрола и ситуацијата се смири. Пожарот беше изгаснат во 15:15 часот.
Go toTop